0 коментари 3 мин. читање 31 мај, 2024

IT.MK и Waving Bear Studio Giveaway: подаруваме 50 копии за слаткиот шутер Stuffed

Нарекувајќи ја симпатична алтернатива на CoD Zombies модот, лесно бевме импресионирани од чедото на TheGamePublisher.com и Waving Bear StudioStuffed!

Надвор од раниот пристап на 16 јуни!

Играта е дел од раниот пристап на Steam уште од далечната 2018 година. За тоа време, Stuffed успеа да ги импресионира гејмерите со интересни мапи кои се создаваат користејќи елементи и параметри по случаен избор. На вас и на уште тројца ваши пријатели се остава да отклучувате соба-по-соба, да купувате оружја, како и користите уникатни способности. Ваша задача е да ја браните собата на девојчето така што се соочувате против бранови од предизвикувачки непријатели.

На 16 јуни, Stuffed конечно ќе излезе од раниот пристап на Steam, донесувајќи, притоа, голем број нови содржини и проширувања за овој симпатичен шутер. Во чест на таквата транзиција, IT.MK, во соработка со развојното студио Waving Bear Studio и издавачите TheGamePublisher.com, имаме и-тоа-каков гивавеј – 50 целосни копии за Stuffed! Клучот можете веднаш да го регистирате, да ја проверите раната верзија, а потоа и целосната верзија. Во моментот кога ќе го активирате клучот, играта е ваша засекогаш!

Stuffed има над 80% позитивни рецензии и на многумина им се допаѓа невообичаениот концепт кој е заснован на едноставни, но забавни гејмплеј механики. Играта особено сјае кога ќе навлезете заедно во неа со вашите пријатели. Има нешто посебно интересно кога со ушре тројца други етапно отклучувате соба-по-соба, собирате поени за нови оружја, нови способности, па дури и нови изгледи. Не чекајте премногу, пишете ни за вашиот клуч веднаш!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Waving Bear Studio
  • Издава: TheGamePublisher.com
  • Жанр: Co-op, pve, shooter
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Ќе излезе на: 16 јуни 2023
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}