Maкедонската игра Raining Blobs може да се купи од Itch.io

1 коментар 1 мин. читање

Maкедонската видеоигра Raining Blobs, која започна како Windows Phone апликација, по што креаторот Енди Милојкоски целосно ја преработи за десктоп, oд неодамна е достапна на Itch.io.

Raining Blobs е првата македонска игра инспирирана од јапонски сложувалки. Играта е oбјавена и на Steam Greenlight, но барем за сега чека на поддршка од фановите. Но, верзијата која е достапна на Itch.io овозможува кооперативно играње на шест играчи (двајца на тастатура и четири на контролери), кои можат да играат на три нивоа на тежина, различни варијанти на играта, па дури има и мод за луѓе кои не разликуваат бои.

Играта е едноставна, а целта е играчите да поврзат две или повеќе балончиња со ѕвездички. Истовремено колку е поголем бројот на играчи толку е поголем и бројот на поени, но и на ѓубрето кое им го фрлате на конкурентите, па играта станува поинтересна. Raining Blobs наскоро ќе биде достапна и за Linux и Mac, најавена е визуелна надградба и приказна како и додавање на достигнувања. Играта чини најмалку 6 долари или доколку ви се допаѓа можете да платите колку сакате.

[youtube]7mXlQElBiMg[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top