Abominatus Games е стартап основан пред 2 години од тројца гејминг ентузијасти од различни земји, со единствена цел да креираат видеоигри во кои и самите би уживале. Тимот сега се состои од околу 16 луѓе поделени на мали сектори (програмери, моделери, аниматори, писатели и слично), откри Оливер Спасовски, еден од основачите на Abominatus. Тоа што станува збор за интернационален тим, распространет на повеќе континенти не им пречи во работата, туку со помош на технологијата ги надминуваат сите пречки во комуникацијат.
„Ние сме интернационален тим од цел свет, Македонци, Германци, Британци, Американци итн. Без проблем комуницираме преку интернет и лесно се снаоѓаме во изработка на проектите“, вели Оливер.
Abominatus Games работат на два проекти истовремено, а заедничко и за двата е што се базирани на Nogitaka Universe, креиран од Торстен Шредер кој истовремено е и еден од основачите на студиото. Сепак засега тимот е фокусиран на помалиот проект кој доколку биде завршен ќе биде финансиран преку краудфандинг кампања на Kickstarter или Indiegogo која ја најавуваат. Засега нема датум кога ќе излезе прототип од играта, главно бидејќи дечките од независното студио се вработени на други места, па рабоатат во слободното време.
„Бидејки сме indie game developer team, не работиме цело време на играта и не можеме да си го дозволиме тоа бидејки се уште немаме фонд за да може тимот без проблем да работи. Па затоа би можеле да кажеме дека при крајот на годинава, односно во последната четвртина во годинава ќе отвориме кампања, дали на Kickstarter дали на Indiegogo, останува да одлучиме“, вели Оливер.
Студиото веќе дека има доволно материјал за играта со оглед на тоа дека Nogitaka универзумот е во создавање повеќе од 10 години. Играта е нелинеарна научно фантастична FPS/RPG жанр, чие дејствие е сместено во иднината. Приказната на Project Orion: Prolog (ова е работното име на играта) започнува со Антон кој ја бара својата последна шанса да се искупи. На располагање му се вештини како стелт, насилство и специјални потези кои треба да ги искористи за да се справи со Akitano. Како и во поголемиот дел на RPG игри и тука ќе има главна мисија и споредни мисии кои играчот ќе треба да ги реши. Доколки на некој ова помалку му заличува на Mass Effect, не станува збор за случајност, токму Mass Effect е инспирација за играта.







