Google и помогна на полицијата бо Хјустон да го уапси Џон Хенри Скилерн, 41, по сомнение дека поседува детска порнографија. Токму Google го известил Центарот за исчезнати и злоупотребени деца за присуство на експлицитни слики во неговото мејл сандаче, кои пак ја известија полицијата да обезбеди налог за апсење. Осомничениот од порано и е познат на полицијата, а пред 20 години е осуден за сексуален напад врз дете.
„Ги чувал фотографиите на својот имејл. Јас не можам да дојдам до оваа фотографија, ниту неговиот имејл, но Google може“, изјави детективот Дејвит Нитлс за Business Insider.
Ова можеби е еден од единствените случаи кога ретко кој ќе се јави во одбрана на правото на приватност на осомничениот, но многумина се загрижени за моќта која ја има Gmail да ги скенира приватните пораки. Но, Google вели дека сликата во случајов е пронајдена благодарение на технологијата со која Google започна да ги одбележува/тагира сликите за кои се сигурни дека има сексуална злоупотреба на деца. Технологијата овозможува секоја ваква слика да биде пронајдена без притоа да помине низ процес на „рачно“ препознавање.
„Ние работиме да ги направиме информациите достапни насекаде, но постојат некој информации кои никогаш не требале да бидат креирани, ниту да бидат пронајдени. Можеме да направиме многу да се осигураме дека ги нема онлајн-а тоа е дека кога луѓето ќе ја споделуваат оваа одвратна содржина ќе бидат фатени и осудени.“
Прашањето за дали Google воопшто би требало да „чепка“ по имејлите без сомневање ќе биде потемелно разгледано кога ќе започне судскиот процес.







