Граѓаните најмногу се жалат за неквалитетни мобилни телефони

во ИТ.МК

Статистиката изнесена од Организацијата за заштита на потрошувачите покажува дека граѓаните најмногу се жалат на сервисирањето и продажбата на неквалитетна техничка опрема. Во второто тримесечие до организацијата се пожалиле вкупно 965 граѓани, од кои на техничка опрема се пожалиле 502 или 52 отсто. Најголем дел од овие корисници, дури 20 отсто се жалат за мобилни телефони, по што следат телевизори, 7 отсто, и таблети, лаптоп и десктоп компјутери, 4 отсто.

„Најчести проблеми се јавуваат при сервисирањето на овие производи, при што истите се сервисирале повеќекратно, а по враќањето на производот кај потрошувачот, недостатокот не бил воопшто отстранет, па производот повторно бил даден на сервис. Честа појава е потрошувачите да добијат (купат), производ кој не функционирал, од што може да се претпостави дека истиот бил продаден со недостаток.“

Организацијата вели дека „согласно член 50 од Законот за заштита на потрошувачите, потрошувачот има право да бара замена или поврат на средствата кои биле уплатени, во рок од 15 дена, на секој производ (освен храна, лекови и друг вид производи за кои постојат посебни правила) што има соодветен квалитет, а не му одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или други причини, и за истиот поседува фискална сметка или сметкопотврда, а не бил употребуван и е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети.

Корисниците се жалат и на дел од договорите кои ги нудат операторите, за потоа да дознаат дека телефоните кои се понудени во пакетите не се достапни бидејќи ги немаат на лагер. Често потрошувачите морале да чекаат една до две недели за да го добијат телефонот кои операторот го нудел во пакетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments