Како да не доволно луда идеја да му оставите на мајмун да си игра со една роботска рака, научниците од Универзитетот Дјук кои го креираа Brain-machine интерфејсот му дозволија на мајмунот да си игра со две роботски раце. Во текот на експериментот два резус мајмуни беа оставени пред видео линк, а имлантите регистрираа активност на 500 неврони. По некое време мајмуните започнаа да ги покриваат сликите на мониторот со дланките, а со тоа и ги поместуваат роботските раце, пишува Verge.
Откако во 2005 година и овозможија на мајмунката од видот резус, Аурора, да управува со робот единствено со џојстик, а на почетокот на годината роднините на Аурора управуваа со робот на растојание од над 12.000 километри, сега резус мајмуните управуваат со две роботски раце единствено со своите мисли, односно мозочна активност. Експериментите се дел од амбициозен проект кој ќе им овозможи на луѓето со повреди на р’бетниот столб да управуваат со екстремитетите слично како и Аурора. Последните експерименти покажуваат дека Brain-machine интерфејсот е способен да препознае покомплексни сигнали од мозокот, па можеби работата со луѓе и не е толку далеку колку што изгледа.
[youtube]CR_LBcZg_84[/youtube]







