0 коментари 2 мин. читање 7 ноември, 2013

Internet Explorer доби нова аниме маскота

Microsoft се реши да ja промени маскотата на својот прелистувач Internet Explorer. Ново заштитно лице на прелистувачот е Инори Аизава, симпатичната аниме хероина, која во краткото видео е персонификација на Internet Explorer. Во краткото видео Инори се бори со куп роботи кои можеби се напади врз вашиот прелистувач или можеби конкурентите прелистувачи. Конечно со Microsoft брендот успева да ги победи сите противници. Нејасно, но можеби Microsoft вака планира да го освои пазарот во Азија.

„Здраво на сите. Јас сум Инори и јас сум персонификација на Internet Explorer. Кога бев помлада бев несмасно, бавно и чудно девојче. Сепак као и во приказната за грдато пајче, луѓето ми велат дека навистина сум созреала и сум се изменила низ годините. Се чувствувам сигурна во своите способности и нестрплива сум да ви покажам што можам. Зошто не ме запознаете подобро?“

Инори Internet Explorer ќе биде достапен наскоро или барем ова го тврди Facebook страната. Новата и посиматична верзија на најпопуларниот прелистувач, се очекува да биде достапна наскоро.

[youtube]BHTUlF7NA2o[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top