Практичноста на 3Д принтањето ја има обезбедено иднината на оваа технологија која станува се поевтина, но колку и често да слушаме за интересни идеи за користење на 3Д принтерите, од принтање на кола до принтање на пица во Вселената, сепак постојат куп други проекти кои не воодушевуваат со својата примена, а дел од нив повеќе со идејата и дизајнот. Еве дел од 15-те најдобри 3Д-испринтани проекти според The Next Web.
3Д-испринтан гипс
Како скршениците да не се доволно неподносливи, сол на раната е и тешкиот гипс кој рековалесцентите мора да го носат додека се опоравуваат. Но, 3Д-испринтаниот гипс кој го менува тешкиот традиционален гипс, сега има нова верзија која овозможува проток на воздух што значи и крај за чешањето. Покрај ова 3Д-верзијата е далеку полесна, па барем малку ќе им олесни на луѓето кои се оправуваат од повредите.
3Д-акустична гитара
Идејата зад проектот е за заштита на егзотичните видови на дрва од кои традиционално се прави инструментот, а ги има се помалку. Тешко е веројатно дека наскоро ќе присуствуваме на 3Д-концерт, но познавачите велат дека стандардите за гитарите не се толку ригорозни колку за виолините на пример.
3Д-титан
Држачот за таблет компјутери е дело на финскиот дизајнер Саад Алајоуби и е интересна верзија на тржач за таблет. Што се однесува за цената за 161 евро можеби треба да размислите сами да го испринтате својот Атлас.
Бионичко уво
Испринтано од полимер-гел има форма која наликува на уво. Сребрените нано честички се споении креираат антена која е приемник за радио бранови, а потоа се префрлаат во кохлеата која го преведува звукот во мозочни сигнали. Засега научниците од Принстон не успеаа да изготват план за прикачување на увото на луѓето.
Минималистикиот часовник
Часовникот е дело на Енди Хадсон-Смит и тимот од Барлет цетарот. Часовникот е креиран од запчаници и поврзувачи, а целосно е испринтан на Maker Bot 2 принтер.
3Д-испринтана ракета
Не може да се заборави фактот дека 3Д принтањето има и своја лоша страна, како принтање до огнено оружје или во случајот на NASA принтање на ракети.
[youtube]JntV442dB5o[/youtube]