1 коментар 2 мин. читање 12 октомври, 2021

Xavier е новиот полицаец во Сингапур

Улиците на Сингапур добија нов заштитник. Роботот Ксавиер (Xavier) од неодамна за почна со првите патроли на улиците.

„Ксавиер“ доаѓа со седум камери до кои може да ги следи случувањата околу себе. Роботот реагира кога ќе забележи дека некој го паркира моторот на недозволено место; ако забележи пушење на недозволено место; или ако забележи дека не се почитуваат правилата за физичко растојание кои ги наметна пандемијата. Ако забележи вакво прекршување, пред да продолжи со патролата, роботот ќе застане и ќе ги предупреди прекршителите. Дополнително ако роботот е во близина на некој настан операторите ќе може да погледант што се случило.

Тестовите на роботот завршија минатиот месец. Во овој период роботот патролираше на затворено во трговски центар и затворена населба.

Сингапур е една од технолошки најнапредните локации, а улиците на градот ги снимаат 90 000 камери. Сепак и во овие услови дел од граѓаните, веројатно и очекувано се загрижени за следењето.

„Ова е (роботот) дистопија поради големината на тоа колку видливо нè надгледуваат. Тоа што е поголема дистопија според мене е дека ова сега е нормално и луѓето речиси и воопшто не реагираат“, вели активистката Ли Ји Тинг за Euronews.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}