Magic Leap патентира откачена технологија со проширена реалност

Magic Leap, таинствениот стартап за очила за проширена реалност, започна да поднесува барања за патенти за својата технологија и токму благодарение на овие документи за прв пат имаме можност да видиме во што всушност Google и други инвестираа над 500 милиони долари.

За дел од технологијата можеше и да се претпостави, станува збор за очила за проширена или виртуелна реалност, иако описот не е навистина точен со оглед на тоа дека Magic Leap има проектор кој креира слика директно пред или во окото на корисникот, а не на екран кој се наоѓа пред него. Барањата за интелектуална сопственост се на 180 страни, а Fast Company објави дел од најинтересните.

За разлика од Google Glass, Magic Leap доаѓа со пософистицирани команди преку гестикулации и дополнителен дел кој корисникот може да го прикачи на ременот. Според она што може да го видиме Magic Leap е поблиску до HoloLens на Microsoft отколку до останатите очила за проширена реалност, во прилог на ова е и можноста Magic Leap да препознава и да креира дисплеј на површините, а ова ќе овозможи нови екрани и контролери кои можат, но не мораат, да бидат постојат физички. Дел од патентите презентираат виртуелна тастатура, но и стандардна тастатура на која со помош на уредот се ремапираат копчињата. Дел од можностите ќе овозможат креирање на виртелни луѓе околу корисникот кои заедно со него ќе вежбаат јога, виртуелниот свет ќе биде позабавен со неголку игри, а уредот ќе овозможи и гејмификација на здодевните задачи, пример косење на трева – па корисникот може да ги брка виртуелните кртови, играјќи истовремено додека ја коси тревата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments