Apple Vision Pro – Револуционерен производ кој веќе сме го виделе

Веројатно до сега изгледавте барем едно видео од презентациите на Apple во кои компанијата го претставува својот нов револуционерен производ Apple Vision Pro. Првата верзија на очилата за проширена реалност на Apple e „исполиран“ производ, но кога Apple е во прашање на ова сме и навикнати. Цената на првиот модел започнува од 3500 долари.

Удобен и лесен за управување

Компанијата мислела на сѐ, и на удобноста на корисниците, но и на оние околу нив. Уредот е поергономичен за корисниците и тежи помалку од половина килограм. За луѓето околу Vision Pro има два различни начини на работа, кога работи во целосно имерзивен режим и кога корисникот може да гледа што се случува наоколу. За ова на предната страна или екранот е целосно покриен, или се гледаат очи.

Секако носење на очила за скијање во дневната соба ќе биде проблем за дел од корисниците, но барем засега ова е изгледот на кој ќе мора да се навикнеме.

Друга работа на која ќе мора да се навикнеме е дека секој производител ќе излезе со сопствено име за технологијата. Microsoft и Google претставиja проширена реалност (Augmented Reality). Intel својата технологија ја нарече Mixed Reality. Apple излезе со ново име – Spatial Reality.

Specs

Хардверот кој го претстави Apple е импресивен. Речиси секој дел од Vision Pro е нова технологија: од дисплеите, до сензорите, батеријата, ладењето, и процесорот за сингалите од сензорите.

За уредот компанијата претстави импресивен Micro OLED екран со 4K резолуција на секој од екраните.

Самиот уред има единствено 2 копчиња. Едно за вклучување кое се користи и за фотографирање и едно вртливо со кое се управува имерзивноста. Сите останати команди се даваат со гестикулација со рацете. Камери насочени кон внатре ја следат положбата на очите и со тоа се одбира која е активна апликација која ќе биде активирана со гестикулацијата. Уредот во целост се управува со поглед, гестикулации со раце, и со гласовни команди.

Кога сензорите се во прашање, на Vision Pro ги има баш многу: 12 камери, LIDAR, TrueDepth камера, IR сензори за лоцирање на рацете во темница и 6 микрофони. Благодарение на новиот R1 процесор на Apple сигналите од сите сензори се обработуваат супер брзо. Вториот процесор кој доаѓа на Vision е М2, процесор кој компанијата го користи во iPad Pro, MacBook Air и MacBook pro. Очекувано двата процесори се загреваат, а воздухот за ладење влегува од долниот дел на уредот и излегува од горниот дел.

Благодарение на брзата обработка на сликата од камерите, на екранот е достапно видео во живо со доцнење од 12ms. Ова е во случај кога уредот работи во мод на проширена реалност.

Звукот доаѓа со Spatial на Apple, со дополнителна технологија која Apple ја нарекува Audio Raytracing. Со Audio Raytracing се анализира собата и предметите во неа, па потоа се прилагодува звукот. Ова овозможува звукот кој го слуша корисникот да изгледа како да доаѓа од околината.

Апликации

Најголем дел од апликациите кои се достапни на останатите уреди на Apple се достапни и тука. Со тоа што екранот не е ограничен физички туку може да се зголемува, па дури и да го зафаќа целиот простор. Ова не важи исклучиво за апликациите, туку и за игрите, а и за филмовите кои се достапни на Apple TV.

Најголем дел од овие апликации се отвораат во „монитор“ кој во виртуелниот простор е рамнина со променлива големина. Ова важи и за Safari, но и за останатите апликации, од видео репродукција до текст разговори.

Веројатно една од најинтересните примени кои можевме да ги видиме беше користењето на Vision Pro со FaceTime. Корисникот најпрво го користи уредот за да креира сопствен дигитален аватар. Благодарение на вештачката интелигенција аватарот е копија на корисникот, од изгледот, до гестовите. Во текот на видео повикот со помош на вештачка интелигенција се генерира аватар кој го гледаат соговорниците.

За поголема продуктивност уште со самото излегување на уредот ќе бидат достапни Word, Excel и Teams на Microsoft. Апликациите ќе можат да се користат на различни виртуелни монитори и да бидат отворени истовремено.

Заедно со Vision Pro компанијата го претстави и новиот оперативен систем visionOS. Оперативниот систем е изработен специјално за овој уред и веројатно за него ќе имаме повеќе детали во иднина.

2 часа работа со додадена батерија…

Една од работите за кои Apple не зборуваше на конференцијата е ужасно краткото време за работа кога уредот не е приклучен. Батеријата е доволна за 2 часа работа и за среќа не треба да ја носите во уредот, туку е поврзана преку кабел и може да седи настрана. Два часа баш и не е премногу за волку скап уред. Во презентацијата корисникот го гледа „Everything Everywhere All at Once“. Филмот трае повеќе од 2 часа, па тешко дека ќе може да го догледа само со батеријата.

Друг прилично лош момент е дополнителната цена која треба да ја платат луѓето кои носат очила. Apple во сработка со ZEISS ја изработи цела оптика потребна за уредот. Луѓето кои носат очила нема да можат да ги користат истите со уредот. Apple издаде дополнително леќи за овие корисници, но се купуваат дополнително.

Конечно некои работи изгледаат и се супер интересни, ама се помалку чудни. Во текот на презентацијата има еден момент во кој корисникот гледа видео од роденденот на своето дете. Ова изгледа неверојатно до моментот додека нè ви текне дека некој морал да ги носи очилата на роденденот додека го снимал 360-видеото.

Револуционерен производ, не баш…

Корисниците кои имаа прилика да го пробаат Vision Pro, велат дела новиот уред на Apple без сомневање е врв, кога проширената реалност е во прашање. Сепак, Vision Pro иако е уредот кој е најдобриот е далеку од револуционерен.

Зошто? Одговорот е прилично едноставен, ако го игнорирате подобриот хардвер целата презентација веќе сме ја изгледале и порано. Без разлика дали се сеќавате на HoloLens на Microsoft, Метаверзумот на Facebook или ProjectAlloy на Intel, презентациите на функционалностите беа исти.

На пример пред 7 години Microsoft ги презентираше апликациите и огромниот екран за филмови, примена во едукација, медицина, индустриски дизајн. Истото тоа со фокус на екосистемот на Apple можевме да го видиме и тука.

Единствена разлика која е интересна да се разгледува е дека 7 години подоцна Microsoft започна да го нуди HoloLens како деловен уред кој ќе им помага на компаниите. Apple барем во моментов изгледа фокусиран на обичните корисници. Сепак, цената на Apple Vision Pro е 3500 долари. Ова е истата цена за која се продава деловната верзија на HoloLens, што може да е премногу за најголем дел од обичните корисници. Прашање е колку Apple ќе успее да ги привлече своите фанови, со оглед на тоа дека Meta Quest 3 на пример ќе чини само 500 долари, а гејмерите веќе го имаат Sony VR 2.

Уредот ќе биде достапен во 2024 година, и во прво време единствено ќе биде на продажба во САД. Веројатно раната презентација на WWDC 2023 е за девелоперите да пронајдат нови начини кои ќе можат да го направат уредот попривлечен за потенцијалните корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Forum replies (74)Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

овие производи ми се бескорисни. Една фантазија од филмови која сакаат да ја спроведат у пракса, а нема никаков интерес од муштериите за нив. На никого буквално не му е сонот да дреме у мултиверзумот на Зук.

одговори 3 лајкови

Браос, аппле дозна за вр во 2023 .

одговори Лајк

Многу ефтино мајката. Замена за Golf 4 1.9TDI со три црвени?

Sent from my iPhone using Tapatalk

одговори 3 лајкови

Фасцинантно како на IT форум и портал толку површни коментари.

одговори 9 лајкови

Мешање VR со AR, неприметување дека нема додатен хардвер (рачки? кабли?) освен џебна батерија... is this femina forum?

одговори 5 лајкови

Мешање VR со AR, неприметување дека нема додатен хардвер (рачки? кабли?) освен џебна батерија... is this femina forum?

Waooo, фасцинантно. Finnaly apple fanboys can enjoy АR. And Phone calls , and Phone, and a call .
apple.png

одговори 7 лајкови

Значи не смее да се каже дека е револуционерно? Мора да е apple fanbois...

одговори Лајк

" "

Револуционерен производ кој веќе сме го виделе​

Дури и ботот ве трола...

одговори 2 лајкови

Сеа богаташиве ќе почнат Apple VR сетови да оставаат по кафиќите на маса...

Sent from Apple Vision Pro

одговори 6 лајкови

За овие пари 3 коли земам и такси компанија отворам. Плус, фак ју пари ќе ми останат за да ги частам пријателите.

Ама се сеќавате дека лани и држач за монитор (лименка) продаваа за 1000 долари исто така.

одговори 1 Like

Subscribe
Notify of
guest
74 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk