0 коментари 2 мин. читање 20 јули, 2015

Hacknet е нова видеоигра која ќе ве научи да хакирате

Хакирањето не е реткост во поновите видеоигри како Deus Ex и Watch Dogs, во кои се имплементира можност за користење на хак напади за да се поминат мисиите. Но, најавата за нова игра Hacknet ветува малку пореално искуство.

Креаторот на играта Team Fractal Alligator од Австралија, најавува видеоигра која ќе биде потполно различна и поблиска до хак-симулатор отколку до она што сега може да го видиме во игрите. Играчите во текот на играњето ќе можат и да поднаучат нешто бидејќи командите во играта се вистински UNIX команди, а играта речиси во потполност се игра во терминал, иако според најавата постои и приказна зад сите мисии.

„Hacknet е длабока игра која се случува околи терминал – симулатор за хакирање на PC. Нурнете во дупката на зајакот додека ги следите инструкциите на неодамна починатиот хакер, чија смрт можаби не е несреќен случај како што известуваат медиумите“, вели најавата за Hacknet на Steam. Играта ќе биде достапна од 12 август на Steam и во Humble Store, а покрај забавата може да ви помогне и да научите нешто.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top