Ebay и PayPal сега и официјално се разделија

во Свет

Разводот доаѓа очекувано. Компаниите уште во ланскиот септември најавија дека ќе се делат во два посебни ентитета, што сега беше проследено и со официјално известување. Онлајн продавницата и сервисот за плаќање стануваат две одделени компании, и сега PayPal по втор пат ќе биде тргуван на берзата откако беше стартуван пред 17 години.

Компаниите велат дека поделбата е корисна бидејќи eBay и PayPal нема да си пречат едeн на друг во понатамошниот развј. Но, проблемот се чини е спориод раст на eBay, наспроти вртоглавата доминација на PayPal. Ebay ќе продолжи да биде онлајн продавница за се, додека PayPal, кој беше купен од eBay во 2002-ра година, тогаш за рекордни 1,5 милијарди долари, ќе се фокусира на мобилното плаќање.

Но, како што забележува Business Insider, eBay може да наиде на проблеми бидејќи PayPal беше сервисот кој ја водеше компанијата напред и генерираше приходи. Од финансискиот извештај за четвртиот квартал во 2014-та година, приходот на eBay порасна за 396 милиони долари. Но, од тие 327 милиони долари дојдоа од PayPal. Онлајн продавницата генерираше 33 милиони долари, а бизнис дивизијата, 36 милиони. Сепак бизнис одделот беше продаден неодамна за 925 милиони долари на Permira. Ова значи дека eBay ќе остане само со својата продавница, која се смалува во последните месеци, вели Business Insider. Oд другата страна PayPal продолжува да расте, генерирајќи се повеќе приходи секоја година. Последната година сервисот за плаќање направи 2,3 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk