Лицата со инвалидитет го добија првиот пакет на асистативни уреди во интернет клуб во Скопје

во ИТ.МК

Интернет пристапот е човеково право за сите, и како такво право мора да се почитува и да им се овозможи пристап и на тие кои имаат потешкотии со користењето на компјутерите и технологијата. За таа цел Министерството за информатичко оптешство и здружението „Отворете ги прозорците“ го промовираа првиот пакет на асистативни уреди кои ќе им помогнат на лицата со инвалидитет и на постарите граѓани да ги користат компјутерите.

Првите уреди се поставени во бесплатен интернет клуб во Скопје, но ИТ министерот Иво Ивановски вели дека 41 монитор, 80 специјални тастатури, глувчиња и други помагала ќе бидат инссталирани во 31 училиште и 10 поголеми интернет клубови. Опремата ќе им помогне на околу 200 до 300 лица со инвалидитет да добијат соодветна обука, но ќе може да ја користат и постарите граѓани

„Со овој проект, кој финансиски е поддржан од USAID и спроведуван од здружението Отворете ги прозорците“, ќе им овозможиме на околу 200 до 300 лица со инвалидитет да ги посетуваат интернет клубовите во кои ќе добијат соодветна обука од страна навработените, а ќе има и прирачници кои ќе помогнат за побрзо и полесно совладување на компјутерската техника. Исто така, овие можности ќе можат да ги користат и постарите лица од третото доба“, вели ИТ министерот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments