Бугарскиот Eleven ќе инвестира по 100.000 евра во стартапи; пријавете се!

во Совети

Бугарскиот акселератор Eleven отвори нова, шеста рунда на апликации од стартапи. Покрај стандардната програма за стартапи во рана фаза во кои ќе се инвестираат 25.000 евра во замена за 8% од компанијата, стартува и експериментална Eleven 100 програма за напредни стартапи во кои ќе бидат инвестирани 100.000 евра. Овие пари се наменети за стартапи кои веќе имаат почетни, seed фондови или инвестиции од бизнис ангели; и кои се веќе стартувани и се блиску до профитабилност. Инвестицијата е поделена во две рунди, 50.000 евра во замена за 6% од сопственоста и 50.000 евра за доразивање на стартапот во Софија во период од 3 месеци со помош на ментори и други соработници.

Eleven, кој до сега инвестираше околу 2,5 милиони евра во 46 компани, во шестата рунда ќе прими десетина нови стартапи кои ќе имаат шанса да добијат дополнителни пари до 200.000 евра, односно ако се во акселератор програмата со 25.000 евра ќе можат да добијат дополнителни 150.000 долари, секако доколку имаат добар продукт кој може да биде конкурентен на пазарот.

Апликациите за двете Eleven програми се отворени од 1 февруари и ќе бидат отворени се до 28-ми февруари. Стартапите мора да бидат претпазливи за која програма ќе аплицираат, бидејќи ќе бидат одбиени ако не ги исполнуваат условите. Eleven советува стартапите кои ќе аплицираат да се пријават порано, да испратата демо кое ќе работи, да бидат искрени и да си ги знаат бројките за потенцијалните клиенти. Повеќе совети ќе најдете на блогот на Eleven.

„Како што можеби знаете, најлесно е да се пренесе страста и посветеноста преку личен состанок. Но, за да се стигне до таму, ќе треба да поминете низ првата фаза, со уредување на апликацијата која е критична за да се истакнете од масата и да ни го привлечете вниманието. Имајте на ум дека вашата апликација ќе го има нашето внимание за ограничено време…“ вели Дилиан Димитров, ко-основач на Eleven.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments