iOS 8 и iWatch ќе бидат фокусирани на фитнес и здравствени апликации

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Новиот оперативен систем за мобилни платформи од Apple, iOS 8, ќе доаѓа со длабока интеграција на здравствени и фитнес апликации, известува 9to5mac. iOS 8 се очекува да се појави оваа година.

Една од апликациите кои ќе бидат интегрирани во iOS 8, кој се очекува да биде објавен оваа година, ќе биде Healthbook. Таа е своевиден монитор за потрошени калории, поминати километри или изодени чекори. Апликацијата ќе има и опција со која може да им помогне на корисниците да ги загубат несаканите килограми. Освен ова ќе може да мониторира низа витални знаци, од крвниот притисок, пулсот, ниво на хидратација до ниво на гликоза во крвта. Апликацијата Reminders која веќе постои во iOS ќе биде надградена и ќе може да се користи и како потсетник за зeмање на потребна медицинска терапија.

Со оглед на тоа дека iPhone нема да биде во можност да мониторира дел од виталните знаци кои се спомнуваат во апликацијата, останува констатацијата дека поголем дел од овие информации ќе ги регистрира iWatch, а потоа ќе ги препраќа до телефонот. Ова донекаде го потврдува и Тим Кук кој најави дека сензорите наското ќе доживеат голем бум. Со оглед на тоа дека оваа интеграција на здравствени и фитнес апликации ќе биде речиси безначајна без виталните знаци кои може да ги мери iWatch, останува прашање дали ова е и потврда дека паметниот часовник од Apple може да го очекуваме во период кога ќе биде актуелен iOS 8.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments