0 коментари 2 мин. читање 2 декември, 2024

Кратки ИТ вести: Растот на HeyReach, 5 милионска инвестиција за косовската Gjirafa, подемот на ВИ агенти, опасноста од инфостилери

  • Со првичната инвестиција од половина милион долари, Howitzer во 2021-та започна како студентска иницијатива. Три години откако пивотираше во HeyReach, македонскиот стартап се профилира како еден од ретките играчи на пазарот со свој уникатен производ и кој денес генерира годишна заработка од $2.4 милиони. Прочитај повеќе. 
  • Регионалната платформа за е-трговија основана во Косово, Gjirafa доби инвестиција од 5 милиони американски долари. Инвестицијата доаѓа од американскиот државен инвестициски фонд DFC. Оваа инвестиција е дел од претстојниот Series C инвестициски циклус, и е насочена кон проширување на услугите на платформата. Прочитај повеќе.
  • Притиснати да ги насочат операциите и да ги намалат трошоците, компаниите сè повеќе усвојуваат тимови од агенти базирани на вештачката интелигенција. Оваа технологија е ефективна во вршење едни исти задачи, обработка на големи збирки податоци и обезбедување на увид во реално време. Регионот на Централна и источна Европа има свои значајни играчи на теренот, а FastAgency, со седиште во Хрватска, е една од платформите која им помага на бизнисите да користат токму такви системи за вештачка интелигенција. Прочитај повеќе.
  • Инфостилерите се малициозен софтвер кој е специјално дизајниран за кражба на лозинки и колачиња од прелистувачите на жртвите. Со ова значително го олеснуваат заобиколувањето на заштитата. Големи компании како AT&T, Ticketmaster, Santander Bank се само некои од жртвите на ваквите напади. Украдените податоци често завршуваат на скриени форуми или во групи на Telegram, каде што се нудат на продажба. Прочитај повеќе.
Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top