И оваа година OpenAI си доби новогодишна тужба

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Можеби малку порано од божиќните и новогодишните празници, но се чини дека тужбите за празниците стануваат традиција за OpenAI. Компанијата која минатиот декември доби тужба од New York Times минатата недела доби две тужби, една од канадските новински агенции и една од Елон Маск.

Иако периодот за тужби можеби е специфичен, тужбите секако не се изненадување.  Со зголемувањето на влијанието на вештачката интелигенција, правните битки околу етиката и правата на интелектуална сопственост стануваат сè поважни. Овие настани ја нагласуваат комплексноста на судирот помеѓу технолошките иновации, авторските права и етичките вредности.

Канадските медиумски гиганти здружени во борбата против OpenAI

Најголемите медиумски организации од Канада поднесоа заедничка тужба против OpenAI. Помеѓу тужителите се истакнати имиња како The Canadian Press, Torstar, The Globe and Mail, Postmedia и CBC/Radio-Canada. Според тужбата, поднесена во Врховниот суд во Онтарио, OpenAI ги прекршила авторските права со тоа што ги користела нивните новинарски содржини за тренирање на своите модели на вештачка интелигенција без дозвола и финансиска компензација.

Image courtesy of fw_gadget / Flickr / CC BY-SA 2.0

Причина за тужбата е ChatGPT и начинот на кои OpenAI доаѓал до содржини за тренинг на платформата. Тужителите тврдат дека OpenAI нелегално „собирал“ содржини од нивните веб-страници за да ја подобри функционалноста на ChatGPT. Тие без дозвола користеле новинарски текстови како основа за тренирање. Во нивната изјава за медиуми се наведува:

„Новинарството е од јавен интерес. Користењето на новинарството на другите компании за комерцијална корист на OpenAI, не е. Тоа е нелегално“, се вели во заедничкото соопштение на медиумските организации, кои ги застапува адвокатската фирма Ленцнер Слахт.

Тужителите од OpenAI бараат отштета од 20000 канадски долари за секоја статија која е користена од OpenAI. Доколку успеат да го добијат спорот отштетата би била во висина од неколку милијарди долари.

Ова е прв пат сите големи медиумски издавачи во Канада здружено да преземат правни мерки против OpenAI, што покажува колку е значаен овој спор. Додека OpenAI веќе потпиша договори со неколку медиуми, како Associated Press и NewsCorp, овие напори не се доволни да спречат глобална загриженост за авторските права.

Слични тужби веќе се водат низ целиот свет, вклучувајќи ја и споменатата во која The New York Times се „бори“ против OpenAI и Microsoft.

Маск бара спречување на монополското однесување на OpenAI

Независно со спорот во Канада технолошкиот милијардер Илон Маск поднесе барање за привремено спречување на OpenAI и нејзините соработници, вклучувајќи го и Microsoft, во намерата за трансформација во профитна компанија. Во поднесокот до Окружниот суд на Северна Калифорнија, Маск обвинува дека OpenAI, компанијата во која беше соосновач во 2015 година, се оддалечила од својата првобитна мисија да биде непрофитна организација и дека нејзината трансформација во профитна корпорација е спротивна на основачките принципи.

Image courtesy of Steve Jurvetson / Flickr / CC BY 2.0

Покрај OpenAI во обвинението се вклучени и Сем Алтман, Грег Брокман, Microsoft, Рид Хофман и Ди Темплтон.

Обвинувањата против OpenAI кои ги пренесе TechCrunch вклучуваат:

  • Обесхрабрување на инвеститорите да ги поддржат конкурентите на OpenAI, на пример компанијата за вештачка интелигенција во сопственост на Маск, xAI.
  • Придобивки од „ чувствителни информации“ добиени преку врските на OpenAI со Microsoft.
  • Преструктурирање на управувањето на OpenAI во профитна компанија и „пренесување на какви било материјални средства, вклучително и интелектуална сопственост во сопственост, чувана или контролирана од OpenAI, Inc., нејзините подружници или филијали“.
  • OpenAI да соработува со организации во кои, кој било од обвинетите има „материјален финансиски интерес“.

Маск ја обвинува OpenAI дека користи антиконкурентскa практикa за да ги ослабне конкурентите, вклучувајќи ја и неговата сопствена AI компанија, xAI. Според тужбата, OpenAI ги користи своите врски со Microsoft за да спречи инвеститори да вложуваат во конкуренцијата. Во тужбата, адвокатите на Маск истакнуваат дека OpenAI побарала од своите инвеститори да не финансираат ривалски компании.

Дополнително, Маск тврди дека OpenAI се користела со „незаконски стекнати конкурентски чувствителни информации“ преку своите врски со Microsoft. Дополнително, OpenAI ги избира платформите на кои нејзините извршни лица имаат финансиски интереси, што ги крши правилата за конкуренција. Овие обвинувања се дел од пошироката кампања на Маск за враќање на OpenAI кон нејзините непрофитни корени.

Одговорот на OpenAI е дека ова е четврти обид на Елон со истите неосновани поплаки за кои нема никаква основа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments