- DeepSeek R1, новиот модел на вештачка интелигенција од кинеската стартап компанија ДипСик, ја разбранува светската AI заедница. Создаден во услови на санкции кои го ограничуваат пристапот на Кина до напредни американски чипови, моделот успева да се натпреварува со ChatGPT o1, нудејќи споредливи перформанси, и за разлика од останатите модели има значително помали трошоци. Прочитај повеќе.
- Во објава која најавува уште поинтересна глобална трка во развојот на вештачката интелигенција, новиот претседател на САД, Доналд Трамп го претстави Старгејт. Проектот претставува заедничка инвестиција од 500 милијарди долари помеѓу OpenAI, SoftBank и Oracle. Проектот има за цел значително да ја засили инфраструктурата за вештачка интелигенција во САД, со планови за изградба на огромни дата центри низ целата земја. Прочитај повеќе.
- Како може технологијата да помогне во продлабочувањето на духовните врски, особено во ова модерно време? Преку комбинирање на вештачката интелигенција со библиските учења, БајблЧет, стартап со седиште во Галаци, Романија, се обидува да одговори на ова прашање. Во текот на изминатата година, стартапот стана препознатлив во романскиот стартап екосистем поради својата апликација која нуди “разговори со Библијата“. Прочитај повеќе.
- Македонскиот стартап ЕартКер ја заврши минатата година со голем успех, со тоа што обезбеди 350 илјади американски долари pre-seed финансирање. Финансирањето е предводено од South Central Ventures, со поддршка од Зефир ангелската мрежа. Компанијата, која е дел од Teкстарс програмата, развива глобална платформа за климатска интелигенција, чија цел е да им помогне на бизнисите да се справат со климатските ризици. Прочитај повеќе.







Ќе биде интересно