Копањето на дигитални криптовалути е цела индустрија, и иако наизглед нема поголемо влијание на животната средина, тоа сепак не е точно. Криптовалутите загадуваат со застарена електроника подеднакво како држави и може да се спореди на пример со Холандија, велат истражувачите Алекс Девриј и Кристијан Стол.
Ова веројатно и не треба да биде изненадување со оглед на тоа дека колку е понов хардверот толку се подобри и перформансите, па редовните промени се неопходни. Процените велат дека во просек опремата за копање криптовалути се менува на 1,29 години. Како последица на редовните надградби остануваат 37 000 тони е-отпад или 272 грама е-отпад по трансакција, вели BBC.
Кога дигиталните криптовалути се во прашање често се зборува за потрошувачката на електрична енергија и на влијанието на животната средина како последица на ова. Зголемувањето на е-отпад како последица на машините за копање крипто валути всушност може да биде и помал проблем од стандардните компјутери ако се рециклира. Голем дел од уредите отпаѓа на ладилници кои одлично се рециклираат, секако ако има интерес за рециклирање.