Централната банка на Кина ги забрани сите трансакции со криптовалути и копањето на криптовалути. Забраната важи за сите криптовалути, и е најригорозна мерка донесена од кинеските законодавци досега.
„Зделките поврзани со криптовалути се илегални финансиски активности, кои сериозно ја нарушуваат финансиската безбедност на луѓето“, вели Централната банка на Кина.
Забраната ја донесоа десетте најголемите кинески агенции кои потпишаа и договор за соработка за отстранување на криптовалутите и секоја активност поврзана со трговија и трансакции со криптовалути. Ова не е прва забрана која се донесува на дигитални валути во Кина. Официјално тргувањето со криптовалути е забрането од 2019 година. Сепак жителите на Кина користеа берзи лоцирани надвор од државата, вели BBC.
Во мај оваа година Кина започна со затворање на „рудниците“ за криптовалути. HashCow и BTC.TOP прекинаа со копање, а и берзата Huobi престана да тргува со крипто валути. Дел од експертите тогаш се сомневаа дека наскоро Кина во целост би можела да го забрани копањето. Сега тоа се остварува. Дополнително со новите мерки е забрането и тргување со криптовалути во берзи кои се лоцирани надвор од Кина.
По објавата цената на биткоин падна за 8% (околу 2000 долари), но набрзо се стабилизира. Кинеската забрана ќе има краткорочно влијание на цената на криптовалутите, но експертите сметаат дека на долгорочно сепак нема да има влијание.
Од септември 2019 до април 2021 мерките кои ги презема значително го намалија копањето на криптовалути во Кина. Во септември 2019 75% од електричната енергијата за копање на биткоин се трошеше во Кина, од април оваа година оваа бројка падна на под 46%.