Конечно конкуренција за AdSense: Facebook Atlas

Отсега огласите од Facebook Ads ќе ве следат на било кој уред да го користите, велат од Atlas одделот на Facebook кој треба да биде прв вистински предизвик за платформата за реклами на Google, AdSense.

„Тоа што го нудиме е најдобриот продукт во индустријата“, вели Давид Јакубовски за Wall Street Journal. Причина поради која огласувачите се возбудени е влезот на Facebook како платформа за огласување, која ќе можат да ја користат и на останатите сајтови, не само на оние кои се дел од друштвената мрежа. Компаниите кои се одлучиле за оваа услуга ќе можат да ја следат ефикасноста на овој начин на рекламирање. Рекламите ќе ги користат податоците од друштвената мрежа за да достават релевантни реклами до секој корисник.

Atlas е дел од Facebook од минатата година откако компанијата го купи од Microsoft, но според основачот Ерик Џонсон платформата е преработена од основите бидејќи интернет-колачињата повеќе не се доволни.

„Колачињата не функционираат на мобилните платформи, постануваат се понеточни при таргетирање на демографски групи и неможе едноставни да се измери купувањето на корисниците преку различни прелистувачи или уреди“.

Начинот на кој овој предизвик ќе биде надминат е поврзување на интеракцијата со рекламите со Facebook профилите и нивно точно мерење. Новата платформа овозможува компаниите кои ги рекламираат своите производи да ги следата корисниците додека тие се префрлаат од една на друга платформа, без разлика за каков уред станува збор. Facebook односно Atlas ќе стигнат до корисниците преку мобилни уреди, десктоп, па дури и во апликациите. Засега платформата единствено ќе „брои кликови“ и ќе презентира реклами, но веќе е најавена алатка за купување реклами.

Се разбира доколку и досега се грижевте дека Facebook знае премногу за вас, ова нема да ви помогне полесно да заспиете навечер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments