Apple денес се наоѓа под истрага на Европската Комисија под сомневање дека компанијата незаконски се договорила со Ирска за намалување на данокот. Заклучок на комисијата е дека со двата договори од 1997 и 2007 година, компанијата се здобила со предност пред конкурентите, јави Sky News.
„Соодветно на ова комисијата е на мислење дека ирските власти им овозможуваат предност на Apple. Оваа предност ја добиваат секоја година и сè уште трае. Во оваа фаза на истрагата комисијата нема индикации дека оспорената мерка може да се смета за компатибилна со внатрешниот пазар.“
Компанијата од Купертино и владата на Ирска се обвинети дека постигнале незаконски договор. Данокот во Ирска е 12,5 отсто, но Apple плаќа данок од само 2 отсто бидејќи продажбата во преку-окенскиот пазар ja прави преку посредници. Ирска пак има флексибилен данок со цел да донесе нови инвестиции и работни места во државата, што вообичаено се однесува за високо развиени технолошки компании, кои се лидери во индустријата.
„Никогаш немало ништо што би можело да се квалификува како државна помош“, вели Лука Маестри од Apple.
Од денес договорот помеѓу Ирска и Apple е достапен за јавноста, доколку комисијата и по жалбите заклучи дека договорот помеѓу двете страни е незаконски, може да го повлече илегално вратениот данок. Ова би можело Apple да го чини милијарди еврa бидејќи компанијата има на офшор сметките околу 137 милијарди долари. Ирска веќе е казнета со 1 милијарда евра.
Истрагата е дел од пошироко разгледување на дел од договорите кои ги имаат потпишано компаниите со владите на државите. Покрај Apple и Ирска, под лупа се и Fiat во Луксембург и Starbucks во Холандија.







