Конечно! Facebook го забрани лајкувањето за содржина

Facebook конечно ќе започне да ги казнува сајтовите кои бараат од корисниците да ја лајкуваат нивната Facebook страна за да добијат пристап до содржините кои ги објавуваат. Казната овој пат не е симболична и сајтовите кои преземаат ваква пракса ќе „бидат протерани“ од друштвената мрежа. Промените се најавени во новите правила за користење за кои од Facebook се оставени 90 дена за прилагодување.

„Не смеете да ги поттикнувате корисниците да употребуваат плагини за друштвените мрежи или да одберат Like на страната. Ова вклучува нудење на награди или апликации за влез или пристап до содржини доколку сте притиснале Like на страната. Можете да побарате од корисниците да се логираат на вашата апликација, да се чекираат или да понудат промоција. За да обезбедиме квалитет и да им помогнеме на компаниите да стигнат до луѓето кои за нив се значајни, сакаме корисниците да ги лајкуваат страните бидејќи сакаат да се поврзат и да добијат информации од бизнисите, не поради вештачки креирани поттици. Веруваме дека оваа промена ќе допринесе и за корисниците и за сите кои сакаат да рекламираат.“

Сите сајтови имаат период до 5 ноември да ги имплементираат новите правила, а потоа мрежата ќе ги преземе најавените мерки. Промена доаѓа и за Facebook-игрите, во кои доколку е вметната можност за наплата ќе мора ова јасно да го објават.

„Игрите кои вклучуваат задолжителна или можна наплата во текот на играњето мора ова да го објават во описот на апликацијата, без раазлика дали станува збор за Facebook или за останатите платформи кои се подржани. Ова ќе објасни на корисниците дека можете да им наплатите додека играат“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk