Безбедносниот истражувач Џин Брејнсвилт откри дека мачките се одлични крадци на WiFi мрежи. Toj и закачи специјална огрлица на Коко, сијамска мачка на бабата на неговата сопруга, која освен што уби глувче и го донесе дома, успеа да го мапира соседството за небезбедни WiFi мрежи, вели Wired. Во огрлицата има вградедн Spark-чип со специјално креиран фирмвер, Wi-Fi картичка, минијатурен GPS модул и батерија, или „се што е потребно за мапирање на мрежите во соседството кои се подложни на напади или крадење на Wi-Fi со наједноставни алатки“.
Иако мачката беше употребена првпат, слична практика користат злонамерните напаѓачи кои со лаптоп седат во возило во движење или пак користат беспилотни летала наместо Коко. „Ја опремив мачката со технологија и ја оставив да шета слободно бидејќи идејата ми беше интересна. Но резултатот на истражувањето е дека има многу повеќе отворени и WEP-енкриптирани хотспоти отколку што би смеело во 2014 година“, вели г. Брејнсвилт.







