Креаторите на веќе најиграната фудбалска игра Pro Evolution Soccer успеаа да се договорат со УЕФА за лиценцирање на Лигата на Шампионите цо цел да додадат нова мод во самата игра која од година во година е се поактуелна и подобра.
Претседателот на Konami Digital Entertainment Кунио Нео изјави : Со ова постигнавме чекор напред во лиценцирањето и реалноста на играта. Лигата на шампиони е кремот на фудбалот и е само една од многуте новости кои се присутни во новата игра.Сакам да им ветам на фановите на PES многу возбудливи новости во наредните месеци.
Од другите новости во играта би можел да спомнам дека графиката е значително подобрена,стадионите,звукот и навивањето се побогати и поживи.Додадени се доста дриблинг финти кои ќе биде интересно да се употребуваат и подобрена е севкупната игривост.
Освен модот “Лига на Шампиони” додаден е и нов мод “Become a Legend” во кој ќе може да се креирате себеси и да одите по патот на професионалните фудбалери односно да играте како професионален играч . Секако тука ќе постојат можности за трансфер од еден во друг тим и за играње на интернет каде што можете да оформите заеднички тим со други онлајн играчи како вас.
Новaта верзија на Pro Evolution Soccer 2009 е веќе излезена за PLAYSTATION®3, Xbox 360, PC и мобилни телефони следуваат верзиите за PSP® (PlayStation®Portable) и Nintendo Wii кои се очекуваат на пролет.






