„Птиците не се вистински“: Со пародија против теориите на заговор дека сите птици се дронови

во Останато

Птиците не се вистински, барем не повеќе. Од 1959 година до 2001 американските власти убиле 12 милијарди птици и истите веднаш ги замениле со дронови за следење. Овие дронови денес ја следат и ја снимаат целата популација на САД. Почетоците на „Птиците не се вистински“ кампањата и организацијата се од  1976 година, коа за прв пат излегоа податоци за геноцидот над птиците од Белата куќа. За жал пред Интернет овие информации  беа цензурирани и не можеа да се прошират. Сега благодарение на друштвените мрежи вистината може да излезе на виделина.

Билборди со порака „Птиците не се вистински“ се појавија во Питсбург, Мемфис и Лос Анџелес. Профилите на друштвените мрежи на „организацијата“ имаат илјадници следбеници, а видеата на YouTube и TikTok се вирални.

Можеби она што е најтрагично во целата приказна е што ова наликува на дел од налудничавите теории кои може да ги прочитаме на интернет, и за жал не е премногу тешко да замислиме дека навистина постои група која навистина верува во ова. Сепак за организаторите и поддржувачите на  движењето ова е само сатира или пародија на она што се случува со теориите на заговор.

Како започна „Птиците не се вистински“

Целата идеја на движењето/организација доаѓа од Питер Мекиндо, кој започна со „теоријата на зaговор“ во 2017. Мекиндо пораснал во религиозна и конзервативна средина. Образованието го завршил во домашни услови, а неговото семејство верувало дека еволуцијата е измислена од Демократите, а Обама е Антихрист. Во време на Интернет и друштвени мрежи дознал повеќе за актуелните настани.

„Израснав на Интернет, таму пронајдов најголем дел од моето вистинско образование, преку документарци и YouTube. Моето цело сфаќање на светот е формирано на интернет“, вели Мекиндо во интервју за New York Times.

На почетокот на 2017 Доналд Трамп беше инаугуриран за претседател на САД. Протести започнаа веднаш по објавувањето на резултатите од изборите. На протест на кој жените маршираа против избраниот претседател, а од другата страна имаше протест на поддржувачите на Трамп, Мекиндо скина постер од ѕид и во шега на задната страна напиша „Птиците не се вистински“.

Потоа низ гужвата започнал да ја раскажува „приказната за птиците“. Овој негов „настап“ бил снимен и објавен на Facebook. Набрзо пораката „Птиците не се вистински“ вирално се прошири. Започна со графити испишани на ѕид, налепници, како пораки на училишни табли. Веројатно токму во овој период Мекиндо и самиот одлучил да експериментира со „движењето“.

Речиси веднаш неговиот пријател Конор Гајдос му помогна да креираат веб-страница за движењето и да измислат историја. На страницата може да видите дека организацијата е основана 1976 година, но поморот на птици е многу постар. Убивањето на птици започнало 1959 година и траело 12 години. Сè започнало многу порано во 50-тите години кога ЦИА започнала да ги следи комунистите во САД. За да можат ова да го прават поефикасно, го замениле птиците со дронови.

Наскоро започна и фабрикување на содржина. Мекиндо најми глумец кој се претставуваше како поранешен агент на ЦИА. Актерот ја раскажа вистината која властите, ЦИА, и армијата се обидуваат да ја скријат.

Дезинформирање не е крајна цел на „Птиците не се вистински“. Поддржувачите и „активистите“ знаат дека пораките кои ги споделуваат се неточни и внимаваат да не отидат предалеку.

Сепак Мекиндо во јавните настапи секогаш е во карактер на „лидер на култ“. Не излегува од ликот кој го глуми и упорно тврди дека има заговор со кој се крие вистината за убивањето на птиците и нивната замена со дронови за следење. Во настапите лесно може да се препознае и однесувањето на најголем дел од поддржувачите на теориите на заговор.

Организацијата од продажбата на брендирани „Птиците не се вистински“-производи заработува неколку илјади долари месечно. Овие пари се доволни да ги покријат животните трошоци на Мекиндо и Гајдос, за да можат во целост да се посветат на она што го прават. Средствата се доволни и за поставување на билборди и за превоз на членовите на „Бригадата на птиците“ на митинзите кои ги организираат.

Исмевање или…

Oна што го прави „Птиците не се вистински“ можеби изгледа на сурово исмевање на сограѓаните кои веруваат во различно теории на заговор, но тоа не им е намерата. Се чини дека и членовите на движењето се свесни за ова и потенцираат дека ова никако не е цел на митинзите кои ги организираат…

„Сè што правиме со Птиците не се вистински, е направено откако сме процениле дека нема да има негативен резултат на светот. Ова е безбеден простор за луѓето да се соберат и заедно да го процесираат лудилото со теории на заговор кое ја обзема Америка. Ова е еден начин на кој може да му се изнасмееме на лудилото, наместо да му дозволиме да не обземе“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments