Филмови и серии кои може да ги погледнете за празниците

Avatar img-thumbnail img-circle

во Останато

Гледањето на филмови за новогодишните празници е своевидна традиција кај нас. Филмовите овозможуваат забавен начин за поминување на времето, а може и да креираат празнична атмосфера. Дополнително ако одберете некој семеен филм гледањето може да биде и заедничка активност за сите.

Ако немате идеја кој филм да го изгледате за празниците, не грижите се. Покрај традиционалните предлози: Супермен, Сам дома, Господарот на прстените (секако extended), Умри машки (Die Hard), прегледавме и кои филмови се најпопуларни, најдобро оценети, и најгледани на повеќе платформи за 2022.

Rotten Tomatoes – најдобри филмови според критиката

Изборот на критиката на Rotten Tomatoes има 100 најдобри филмови. Ако се надевате на блокбастер, ќе треба да го побарате на друго место (или подолу во листата). Ако не сте вистински филмофил веројатно сте пропуштиле најголем дел од овие филмови.

No Bears

No Bears е филм на режисерот Џафар Панахи. Гледачите ќе уживаат додека ги откриваат сложените слоеви на навидум едноставната приказна: човек угнетен и потиснат од неговата земја.

Happening

Happening е драма на француската режисерка Одри Диван. Филмот е адаптација на истоимената новела од Ени Ерно. Филмот и  книгата ja обработуваат  темата на абортус и неверојатно тешките одлуки кои треба да ги донесе жената.

Marcel the Shell With Shoes On

Првите два филма на листата секако нема да ви помогнат со празничното расположение. Marcel the Shell with Shoes On e долгометражна адаптација на кусите анимирани филмови од Дин Флечер-Камп. Филмот ја следи школката Марсел на неговото патешествие додека го бара своето загубено семејство.

Girl Picture

Најдобрите другарки Мими и Ронко после училиште работат во киоск за смути и храна, разменуваат искрени приказни за нивните фрустрации и очекувања од љубовта и сексот. Избувливата Мими, возбудена на новата романса со Ема (амбициозна лизгачка на мраз која тренира за Европско првенство), се мачи да се прилагоди на довербата и компромисот што се потребни за трајната врска…

The Banshees of Inishern

Приказната во Banshees of Inisherin e сместена на осамен остров во близина на западниот брег на Ирска, ги следи долгогодишните пријатели Падраиќ и Колм, кои се наоѓаат во ќорсокак кога Колм неочекувано го завршува нивното пријателство. Падраиќ, помогнат од неговата сестра Сиобхан и Доминик, се труди да го поправи пријателството, одбивајќи да прифати „не“ како одговор. Постојаните напори на Падраиќ ја зајакнуваат решителноста на неговиот поранешен пријател и кога Колм нуди очаен ултиматум, настаните ескалираат.

Најгледани филмови на Netflix

Листата на популарни филмови на Netflix е креирана според бројот на изгледани часови за секој филм. Листата се прави неделно, па некои од филмовите во последната недела очекувано имаат помалку прегледи. Сепак оваа недела излезе последниот извештај за 2022, па ако сакате може да се обидете да пронајдете кои се навистина најпопуларни според прегледите.

Glass Onion: A Knives Out Mystery

Оваа недела на Netflix апсолутна доминација има филмот Glass Onion: A Knives Out Mystery. Приказната е следна: Технолошкиот милијардер Мајлс Брон ги поканува своите пријатели на одмор на неговиот приватен грчки остров. Кога ќе биде пронајдено мртво тело, на групата и се приклучува детективот Беноа Блан.

Можеби една од причините за популарноста е сличноста на милијардерот во филмот со Елон Маск. Дел од гледачите сметаат дека филмот го исмева основачот на Tesla, па оваа контроверза донесе повеќе гледачи.

Guillermo del Toro’s Pinocchio

Веројатно на сите ни е позната приказната за дрвената кукла која стана вистинско момче. Приказната за Пинокио, неговата совест штурчето, и таткото/куклар Џепето прилагодена од Гиљермо дел Торо е еден од најпопуларните филмови во декември.

The Noel Diary

Џејк Тарнер е познат писател на шпионски приказни кој долго време не разговарал со ниту еден од своите родители. Oткако мајка му ќе почине, за прв пат по 17 години се враќа во домот од детството. Рејчел никогаш не ја запознала својата мајка, Ноел. Таа е посвоена, но сака да ја дознае приказната за својата мајка…

Со оглед на тоа дека филмот е романтична комедија, веројатно не ви треба премногу фантазија да претпоставите како ќе заврши.

Bullet Train

Ladybug (Бред Пит) e атентатор, кој е решен мирољубиво да ја заврши својата последна „задача“. Сепак за да ја заврши последната мисија ќе треба да се справи со некои од најсмртоносните противници во светот кои заедно со него се „затворени“ во најбрзиот воз на светот. Режисер на филмот е Дејвид Лајч кој работеше и на Deadpool 2, a барем според трејлерот, филмот ветува куп акција.

The Volcano: Rescue from Whakaari 25

The Volcano: Rescue from Whakaari 25 е документарец, приказна за издржливоста и херојството на жртвите и спасувачите во ерупцијата на вулканот Вакари. Во 2019 година во ерупцијата беа изгубени 22 животи. Да не беа храбрите спасувачи оваа бројка ќе беше и поголема.

Најпопуларни серии на Netflix

Netflix секако е попопуларен поради сериите, а оваа година повторно имаше навистина многу интересни. Најпопуларните според бројот на изгледани часови веројатно нема да изненадат никого, од Stranger Things до првата сезона на Sandmen и последната сезона на Ozark.

Stranger Things (Season 4)

Претпоследната сезона на Stranger Things излезе во два дела 7 епизоди беа објавени во мај, а последните две излегоа во јули. Во четвртата сезона можевме да видиме како групата пријатели ќе се справи со злосторникот Векна. Фановите на серијата со нетрпение ја очекуваат следната сезона, која за жал ќе биде и последна.

Wednesday (Season 1)

Првата сезона Wednesday која е фокусирана на чудната ќерка на семејството Адамс е најгледана серија последните неколку месеци. Семејството Адамс постои од 1938 година. Во различна форма, од стрип, до серија, анимиран или долгометражен филм, постои до денес. Само поради ова, популарноста на серијата не изненадува.

DAHMER

Сериите за вистински криминал се дел од најпопуларната содржина на Netflix. Серијата за канибалот од Милвоки секако не е соодветна за празниците, но гледачите на Netflix оваа година ја „ставија“ на трето место според бројот на изгледани часови.

Bridgerton (Season 2)

Серијата го следи моќното семејство Бриџертон, и раскажува поширока приказна за богатството, страста и предавстватa во Англија во време на принцот Џорџ. Bridgerton ја следи најстарата ќерка на семејство Бриџертон, Дафне, додека се обидува да најде сопруг на „конкурентниот“ брачен пазар во Лондон..

Имате други предлози? Споделете ги во коментари или на друштвените мрежи….

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments