Кој го краде вашиот интернет?

Можеби има некои допирни точки со параноја, но подоцна или порано, не можете, а да не се запрашате дали е можно некој да го „позајмува“ вашиот интернет. Доколку не сте доволно внимателни и не го обезбедите соодветно пристапот до вашиот Wi-Fi, комшиите лесно би можеле да го злоупотребат вашето невнимание. Во такво нешто, алатката за хакнување Wifi Password Cracker и те како ќе послужи.

Во случај да сте убедени дека е подобро да се спречи отколку лечи и никако не би сакале некој да ги злоупотребува вашите благодати, би можеле да преземете одредени дополнителни напори со алатката на NirSoft. Wireless Network Watcher е пренослив програм кој ги проверува сите уреди кои го користат вашиот рутер. Со поновата верзија лесно можете таквите анализи да ги извлечете во листа како табела или текст и точно да видите дали некој непознат уред го цица интернет сообраќајот. Иако ние сме задоволни со Wireless Network Watcher, има уште една алатка која дополнително се истакнува со проширените можности. SoftPerfect WiFi Guard автоматски ги лоцира сите потенцијални и несакани корисници на вашиот интернет, неисклучувајчи ги и оние компјутери кои користат firewall за да избегнат детекција. Програмот ненаметливо работи во позадина и ве известува само кога некоја непозната направа ќе проба да се приклучи на мрежата. WiFi Guard се испорачува во инсталациона или пренослива форма, со можности за активирање аларми при несакано закачување, испраќање мејл или автоматско покренување одреден програм.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments