Twitter e комуникациска алатка со која во само 140 карактери може промовирате продукт, да се вклучите во дискусија со бренд, да изберете градоначалник, да најдете добар локал, со само еден хаштаг да најдете фанови на Game of Thrones или да ги споделите сите фотки, видеа и линкови од протестите во Турција. Но, за да го користите Twitter како што е дизајниран ќе мора да сте заинтересирани за тие работи, да ги следите и да сакате да споделите релевантна содржина.
Неодамна Time.mk стартуваше нова алатка за следење на најпопуларните твитови од македонските корисници. Целта му е да покаже што е тоа што меѓу 20 и 40 илјади твитерџии зборуваат на мрежата која во Македонија е сватена од корисниците дека има моќ да стартува револуции и да влијае врз општествениот поредок како што го направи тоа со откривање на убиството на Мартин Нешковски. Но, тoa што сервисот на Тime.mk покажа е дека вистинската реалност е далеку од желбите на корисниците, и е многу блиску до една пасивен и саркастичен однос на македонските твитерџии. #Martin беше само моќен исклучок. Ова најлесно може да се разбере преку твитот на Мите Кузевски од New Media Mk и твитерџија кој ја следи сцената од самите почетоци.
Во топ 20 твитови за минатиот месец според time.mk нема ниту еден твит со линк. Се доскочици од type up комичари.
— Mite Kuzevski (@kuzevski) June 3, 2013
Околу овој негов твит се отвори дискусија од други твитерџии кои се на Twitter кога имаше само илјада-две корисници во Макединија, кога се планираа твитапи и настани како и кај секоја новопојавена, и пред се помала интернет заедница.
@tanjatania @kuzevski Мн обичам добра смисла за хумор, ама кај нас често тоа врти накај ескапизам и пасивизација, нешо као психотерпија.
— Sead (@sead93) June 3, 2013
@kuzevski takvi se interesite na mnozinstvoto na twitter. sakale nie ili ne. a ako sakate, moze da napraime i nekoja elitistichka analiza :)
— Igor Trajkovski (@mkrobot) June 3, 2013
Едно истражување за Twitter oд Никола Спасов од агенцијата Рејтинг направено пред осум месеци, вели дека дури 19,6 отсто од твитерџиите се магистри или доктори по науки, и дека дури 64 отсто од корисниците имаат завршено високо образование, дури 32 отсто се веб дизајнери, програмери, 27 отсто се занимаваат со маркетинг, и скоро 26 отсто се на некоја раководна позиција во компанијата во која работат. Ова се ипресивни бројки што кажува дека твитерџиите се интелектуалци со вештини. Тогаш зошто си го пробувааат талентот во стендап комедијата?
@sead93 @tanjatania @kuzevski мене ми е тоа што се случува овде само слика на тоа што се случува и во rl. овде е само општеството во мало :)
— Jessa (@TAtanasoska) June 3, 2013
Ако бидеме доволно саркастични, Владата сама ќе падне.
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) June 1, 2013
Да не биде само дека ја критикуваме Twitter заедницата. Можеби не твитаат за протестите во Турција каде над 10.000 луѓе се побунија против властите првин за да заштитат парк, а потоа за се што ги мачи, иако од тој настан може да извлечеме паралела со неодамнешен настан во Скопје кога твитерџиите се бунеа дека властите со сила уништуваат зеленило. Тие дрвја властите мирно ги исекоа преку ноќ. Секако дека твитерџиите се неверојатно креативни. Видовме куп интересни интернет мемиња и шеги околу важни локални настани, дали се тоа локални избори или Евровизија, сеедно. Но, не видовме активност. Креативноста е тука, и се троши на шеги и сарказам.
@tanjatania Интересно е да се следи промената на комуникациската парадигма на тцитерџииве, како и растот на комуникациското его.
— Mite Kuzevski (@kuzevski) June 3, 2013
@kuzevski @alexhris @tanjatania @jpetrov @sead93 „Твитовите нема да ги замаглат сите наши национални, (cont) tl.gd/n_1rkkkjj
— therealpsmst (@therealpsmst) June 3, 2013








http://therealpsmst.tumblr.com/post/52129294134
сепак има добар локален пример со збирка на мемиња искористени во општествено добро: http://mkpolmeme.tumblr.com
Македонски мемиња? Убиј ме сега!!!!
Многу ми е жал што твитер задницата не е обликувана по теркот на авторот. За среќа, таа и никогаш нема да биде обликувана по нечиј вкус. Дива, нескротлива,алергична на замислени авторитети. Јако е што владее некоја психопатологија кај долгогодишните твитер корисници дека новоактивираните се на твитер поради нив. Вистината е дека твитер во МКд е доволен за корисниците во онаа мера во која го користат и сакаат да продожат да го користат. А за што подобро од хумор и сатира?