Конечно Twitter ја објави својата Vine апликација, која досега беше достапна само за корисниците нa iOS, и за Android. Vine е сервис на Twitter преку кој корисниците може да снимаат и споделат видео од 6 секунди. Досега се користи од 13 милиони корисници кои креираа навистина интересни видеа и анимации.
Vine за Android иако се разликува од верзијата за iPhone, Twitter објаснува дека работи на тоа двете верзии да бидат идентични. Android апликацијата за Vine покрај можноста за снимање и споделување на видеа, овозможува и следење на најпопуларните Vine видеа.
Во апликацијата за Android е вклучена можноста за зумирање, додека тоа не е достапно за корисниците на iOS. Но, од друга страна пак, дел од последните промени за iOS не се вклучени во Android. Имено, Android апликацијата не поддржува активирање на предната камера, пребарување, споменување на корисници и пребарување според хаштаг.








