Кинеските хакери продолжија со нападите врз американски цели, вели New York Times

Злогласниот кинески хакерски одред Unit 61398 е повторно активен, јавува New York Times. Единицата овој пат користи поинаква техника од досегашните, а најголем дел од новите жртви веќе беа цел на напади. Безбедносната компанија Маndiant засега ги нема објавено целите на нападот, но тврдат дека нападите се продолжени.

Единицата 61398 е елитен оддел на Кинесеката Армија кој е задолжен за сајбер напади. Во последниот период на единицата се гледа како симбол на сајбер моќта на Кина во современиот свет. Брзото реинсталирање на единицата откако во февруари оваа година Mediant објави дека целеосно се исчистени зафатените компании, секако ќе го зголеми угледот кој одделот го има во Кинеската Армија. Според последните податоци единицата оперира со помеѓу 60 и 70 отсто од капацитетот кој го имаше во февруари.

Адмистрацијата на американскиот претседател Барак Обама не е изненадена од обновувањето на нападите. Ова ќе биде ситуација на која ќе мора постојано да се навраќаме со властите во Кина, кои мора да бидат убедени дека ваквиот однос ќе има последици, вели неименуван извор во администрацијата. Засега САД се надеваат дека посочувањето на виновниците ќе вроди со плод, иако новите напади најверојатно ќе ја демантираат оваа мерка.

Eдиницата 61398 која е сместена во дванаесет катница во предградие на Шангај се сомничи за нападот на Coca-Cola во 2009 година, Lockheed Martin, New York Times и уште неколку медиуми, како и напади врз неколку енергетски објекти во САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk