Од јуни ќе го имате новиот дизајн на YouTube каналите

0 коментари 1 мин. читање

Иако Google уште во март ги претстави редизајнираните профили за YouTube, сепак истите не беа веднаш официјално достапни, туку се бараше од корисниците самите да ги активираат. Но, од 5-ти јуни овој нов дизајн наречен One Channel ќе биде активиран за сите.

Целта кај новиот дизајн е да понуди единствен изглед на каналот на сите уреди. Во воведното видео на каналот корисниците ќе може да се претстават себе си, што ќе објавува на каналот и други детали, давајќи му персонализација на каналот. Интересно е тоа што при изработувањето на новиот дизајн, една од платформите за која се има работено е и телевизијата. Google е свесен дека дека во раст е развојот на паметните телевизори и навреме сака да си ја фати работата и да биде подготвен.

Новост во YouTube профилите е и „cover“ фотографијата која е прилагодена за сите големини на екрани, а доколку пристапувате преку ТВ, истата ќе биде искористена како позадина. Google наведе дека корисниците кои го активирале новиот профил ја зголемиле посетеноста на својот канал за 20 отсто.

[youtube]bRJEmA6P1SQ[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top