Кинеските апликации ја освојуваат Америка

Во моментов барем кога апликациите се во прашање, актуелен е спорот помеѓу TikTok и САД. Вработените во државните институции не смеат да ја инсталираат апликацијата на своите уреди, но ова по се изгледа не е преголем проблем за TikTok, но и за куп други кинески апликации. Четири апликации изработени од кинески компании се на првите четири места по бројот на преземања од App Store и Google Play во периодот од 26 февруари до 26 март. Temu, TikTok, CapCut, SHEIN се на првите четири места, а единствена некинеска апликација во првите пет е WhatsApp.

Алгоритмите, конкуренцијата која ја имаат во Кина, пристапот до квалитетни и евтини работници, се главните причини за предноста која кинеските компании ја имаат пред западните конкуренти, пишува Wall Street Journal (paywall).

Кои се кинеските компании кои го освоија американскиот пазар?

Апликациите кои се на првите месата според бројот на преземања последниот месец Temu, TiktTok, CapCut и SHEIN.

Temu

Кинеската онлајн продавница Temu е прва на листата по бројот на преземања. Постои едваj 7 месеци, а платформата се натпреварува со Amazon и другите американски продавници. Станува збор за кинеска компанија чии акции се продаваат на берзата во Пекинг, но седиштето на Temu е во Бостон. Продавницата е во сопственост на PDD Holdings.

TikTok

На популарната платформа за споделување на куси видеа TikTok не и треба никакво посебно претставување. TikTok и покрај проблемите е најпреземана апликација во целиот свет во 2022 година. ByteDance ќе треба да одговори на некои прашања за споделувањето на податоци со властите во Кина, а ако одговорите не се соодветни може да бидат отстранети од голем број држави.

Photo by Árpád Czapp on Unsplash

CapCut

CapCut е уште една апликација од ByteDance која се наоѓа на листата најпреземани. Апликацијата се користи за уредување на куси видеа кои може да ги видиме на TikTok, YouTube и Instagram.

SHEIN

Основана во Кина со седиште во Сингапур, Shein е една од најпопуларните апликации за е-трговија според бројот на преземања. Компанијата е основана од кинескиот претприемач Крис Су, а најголем дел од производите кои се на продажба се произведуваат во јужната кинеска провинција Гуандонг.

Како Кина го освојува пазарот на апликации?

Најголема предност која компаниите лоцирани во Кина ја имаат е пристап до релативно голем број на талентирани работници. Ова, заедно со нивните работни навики им овозможува постојано да издаваат функционалности и да ги подобруваат апликациите и сервисите.

Иако Temu e продавница, половина од вработените во компанијата се инженери. Тие постојано работат на функционалности кои ќе ги „убедат“ нивните корисници да купат нешто, вели WSJ.

Постојаните надградби на апликациите се неопходни за успех на конкурентниот кинески пазар. Компаниите во Кина се натпреваруваат за 1 милијарда корисници и постојани подобрувања на апликациите се неопходни. Компаниите како ByteDance дури имаат развиено модел нa работа наречен „трки со коњи“ (horse racing). Различни тимови работат на истиот продукт со мали варијации. Тимот кој ќе креира продукт кој е најинтересен за корисниците ќе добие повеќе ресурси, а останатите тимови се префрлаат на други проекти.

„За постојаното тестирање, итерациите, собирање податоци од корисниците, технолошките работници работат повеќе од предвиденото, некои, можат да заработат неколку дополнителни месеци плата во бонуси врз основа на нивните перформанси и резултати. Компанијата PDD која е сопственик на Temu е познатa во индустријата по прекувремена работа.“, вели WSJ.

Основачите на Shein и Temu за да избегнат дел од потенцијалните проблеми кои сега ги има TikTok ги поместија своите седишта. Shein работи од Сингапур, а Temu работи од Бостон. Ова ќе помогне да има помалку прашања за блиски врски со властите во Кина, иако веројатно никогаш нема да може да бидат избегнати во целост.

Бројот на преземања е едно, вистинската слика е различна

Кинеските апликации можеби се најпреземани последниот месец, но не се ниту блиску на топ-20 најкористени. На оваа листа се наоѓа единствено TikTok. Осум од 10 апликации се во сопственост на Google и Meta, а во Топ-20 најголем број апликации се во сопственост на Apple и Amazon, пренесе Axios.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix Global

QA Engineer

Singular

Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk