Кина го направи првиот чекор за да стане лидер на полето на квантно истражување. Oд пустината Гоби, e лансиран првиот, експериментален, квантен сателит, јави New York Times. Лансирањето е успешно. Сателитот е во орбита, на висина од околу 600 километри и прави круг околу земјата секој 90 минути.
Сателитот е наречен Quantum Experiments at Space Scale или Quess, а прекарот му е Micius. Micius e кинески научник и филозоф од петтиот век. Остатокот на проектот е на земјата, предвидува изградба на четири станици за квантна комуникација и една за експериментално квантно телепортирање.
Експериментите треба да покажат дали е можно испраќање на фотони од сателитот до две станици на земјата. Станиците на земја се на растојание од 1.200 километри, и се квантно „заплеткани“. Сателитот има клуч за квантна комуникација, процесирачка единица, ласерски комуникатор, емитер за квантно заплеткување и извор на заплеткување кој ги испраќа клучевите од земјата.
Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да создадат технологија за комуникација која ќе биде во целост отпорна на хакерски напади. Технологијата која за комуникација користи фотони, засега не е тестирана на волкаво растојание. Начинот на ваква комуникација е отпорен на прислушување, поради постојаната детекција. Па доколку некој се обиде да прислушкува, ќе биде веднаш разоткриен.
„Новиот сателит означува транзиција во улогата на Кина – од следбеник на информатичката технологија во лидер, кој ќе го води развојот.“, вели Пан Ксианвеи.







