Кина ќе го ограничи и пристапот до интернет за децата

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Во 2021 властите во Кина го ограничија времето за онлајн играње на децата. Сега, имаат нов предлог со кој ќе го ограничат и времето кое децата можат да го поминат на интернет.

Нацрт-законот е објавен оваа недела и предвидува дневен лимит на времето кое децата го поминуваат на интернет. Заедно со ова е предвиден „мод за деца“ кој ќе ги ограничи и содржините кои им се достапни. Предвидени се различни содржини за различни возрасти. Законот предвидува вкупно 5 возрасни групи: деца помлади од 3 години; деца од 3 до 8 години; деца од 8 до  12 години; деца од 12 до 16 години; и деца од 16 до 18 години.

Различните возрасти не само што ќе имаат пристап до различна содржина, туку и дозволеното време за пристап ќе биде различно. Децата до 8 години не можат да поминат на интернет повеќе од 40 минути. Времето кое е дозволено се зголемува, па за последната старосна група е 2 часа дневно. Ниту една група не може да користи телефони од 10 часот навечер до 6 часот изутрина. Штом достапното време e надминато, паметниот терминал автоматски се затворa.

Сепак, има и исклучоци. Софтвер за лична безбедност, итни повици и апликации за заштита на лична безбедност може да се користат постојано, без разлика на ограничувањата и времето од денот. Времето не се однесува ниту на едукативните апликации, како и на алатки за обработка на слики, пресметки, различни мерења. Некои од апликациите ќе можат да бидат додадени на листата од родителите.

Властите дури креираа и листа на содржини соодветни за различни старосни групи. На пример, за децата до 3 години тоа се детски песнички, едукација, заеднички програми за деца и родители. Препорачан фокус за оваа група е аудио содржина. За децата од 8 до 12 се препорачани општо образовна содржина, животни вештини, забавни содржини со позитивна насока и вести кои се соодветни за когнитивните способности на оваа возрасна група. Препораките се слични за најголем дел од групите, иако има некои помали разлики.

Дозволено е поминување подолг период на интернет, но за ова мора да биде издадена дозвола од родителите. Ако децата се обидат да пристапат по истекувањето на времето, родителот ќе добие нотификација. По ова, ќе можат да внесат исклучок и да потврдат користење интернет надвор од предвиденото време.

Се чини дека законот првенствено е наменет да им овозможи на родителите надзор врз времето поминато на интернет. Досега нема споделени информации за потенцијални казни за платформите кои нема да ги почитуваат новите услови.

Товарот за имплементација на новите ограничувања ќе биде кај производителите на паметни уреди, но и кај креаторите на софтверот. Провајдерите ќе мора да пронајдат начин за да го ограничат времето, а креаторите на содржини треба да обезбедат дека тие се соодветни за деца.

Најголем дел од производителите на паметните уреди, телефони и таблет компјутери веќе одамна имаат додадена функционалност за родителски надзор. Со новиот предлог се чини дека кинеските власти сакаат да го ограничат пристапот до различни содржини кои ќе бидат достапни. Во оваа насока е и препораката содржината да биде усогласена да ги шири „основните социјалистички вредности“.

Засега станува збор за нацрт-закон. Јавната дебата по текстот е отворена до 2-ри септември. По ова ќе започне процедура за носење на законот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk