1 коментар 2 мин. читање 17 август, 2016

Ford најавува автономни автомобили без волан до 2021

Ford најави дека за само пет години, компанијата ќе започне да ги продава првите потполно автономни автомобили. Новото возило ќе доаѓа без волан и педали, кои ќе бидат жртва на напредокот во автомобилската индустрија.

Компанијата, на технологијата за автономни возила работи во соработка со креаторот на LIDAR сензорот, Velodyne во кои инвестираа 75 милиони долари. Центарот во Пало Алто, наскоро двојно ќе го зголеми бројот на истражувачи, јави Readwrite.

Се чини дека сега Ford има полни раце работа. Тие ветија дека автомобилот, не само што ќе биде дизајниран, туку во 2021 ќе биде во рацете на корисниците. Ова е навистина храбра изјава, а конкурентите кои подолго работат на развој на автономни возила, сè уште не излегле со дата.

„Можете и да замислите, искусвото во автомобил во кои немате потреба од контрола менува сè. Без разлика дали сакате да работите или да се забавувате… ова се работи на кои мора да мислиме кога работиме на искуство за ваков автономен автомобил.“, вели Марк Филдс од Форд за BBC.

https://youtu.be/lITdVxm_hD0

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top