Kids App Store е место за безбедни и едукативни iOS апликации за деца

во Совети, Софтвер

Apple додаде нова категорија на апликации за деца во својот App Store. Сега во Kids App Store ќе најдете куп интересни, безбедни и едукативни апликации за вашите деца, за кои iPhone или iPad-от се далеку поедноставни за користење отколку десктоп и лаптоп компјутерите.

Kids App Store содржи апликации кои се поделени според возраста, односно на апликации за деца помали од 5 години, помеѓу 6 и 8 години, и помеѓу 9 и 11 години. Апликациите пак се поделени на тие што потикнуваат креирање, истражување на бои и облици, истражување на светот, музички апликации, интерактивни приказни и учење на зборови. Последниве две можат да бидат ограничување за македонските деца бидејќи поголемиот дел од апликациите се на англиски јазик, но тоа и треба да ги охрабри македонските програмери да креираат локални апликации.

Apple вели дека апликациите кои можат да се најдат на Kids App Store се безбедни бидејќи мора да се придржуваат до одредени правила за заштита на децата. На развивачите им е забрането да собираат приватни информации од децата, ниту да им прикажуваат таргетирани реклами внатре во апликациите кои децата можат да ги сфатат како нова игра. Ниту една апликација не може да сподели лична информација без дозвола од родителите и старателите. Само родителите ќе можат да ги поврзат апликациите со надворешни трети апликации или друштвени мрежи. Апликациите во Kids App Store ги одбираат уредници на Аpple кои „го пребаруваат App Store за најдобрите апликации во одредената возрасна група“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments