Keiretsu Forum SEE има за цел да ја револуционизира стартап сцената на Балканот – интервју со Ардијан Хоџа

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа

Основан во 2000 година во Калифорнија, Keiretsu Forum е глобална мрежа на бизнис ангели и VC инвестиции во повеќе од 60 оддели нa четири континенти. Во соработка со Keiretsu Capital, членовите се најголеми инвеститори во САД.

Неодамна, Форумот се прошири и во Југоисточна Европа. Одделот за Југоисточна Европа – KFSEE е непрофитна организација која ја реинвестира целата заработка и ги поврзува глобалните инвеститори со регионалните старт-апи. KFSEE е активен во Косово, Албанија и Северна Македонија, но се очекува да се прошири во поширокиот регион на ЈИЕ и да ги вклучи Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Србија, како и Унгарија. KFSEE активно соработува со европските VC (venture capital) за заеднички вложувања од март 2023 година.  

Имавме задоволство да разговараме со Ардијан Хоџа, претседател на Keiretsu Forum одделот во Југоисточна Европа. 

Ардијан, можеш ли накратко да нè запознаеш со концептот на Keiretsu Forum, која е идејата зад оваа глобална заедница?

Ардијан: Форумот Keiretsu е еден од најпопуларните и еден од најголемите клубови за бизнис ангели и приватен капитал, со над 60 оддели ширум светот. Во последната деценија и во поглед на бројот на инвестиции вложени во стартапи,  форумот преовладува како број 1 во САД. За побрз напредок и ефикасно ставање на нашиот регион на мапата, решив да соработувам со глобално позната мрежа на инвеститори кои имаат докажан бизнис модел, на глобално ниво. На овој начин, би сакал да го забрзам развојот на инвестициите и растот на стартапите во нашиот дел од светот. Југоисточна Европа, но особено Балканот, каскаат зад остатокот од светот во однос на инвестиции од ваков калибар. Ова, за возврат, обесхрабри многу постоечки и потенцијални претприемачи да работат на основање компании, дури и ако имаат некои одлични идеи.

И во Косово, исто како и остатокот од Балканот, имаше голем број иницијативи во минатото. Јас бев поканет да учествувам во сите нив. На почетокот имаше огромен ентузијазам, но секоја иницијатива згасна за брзо време, а протокот на договори беше речиси непостоечки. Во 2018 година бев запознаен со Keiretsu Forum преку пријател од Истанбул – Ајдонат Атасевер. Тој ме охрабри да започнам ново поглавје во Косово. Пндемијата ја поминав анализирајќи причини зошто претходните иницијативи пропаднаа во Косово и во регионот. Мојот заклучок беше дека е поради тоа што се работи за локални клубови на бизнис ангели. Со оглед на тоа што Keiretsu Forum е глобален клуб на инвеститори, идејата беше да се започне регионално поглавје со сите мали земји во Југоисточна Европа кои сè уште не беа вклучени во Keiretsu Forum. И така го започнавме Keiretsu Форум ЈИЕ – вклучувајќи ги шесте земји од Западен Балкан, како и Словенија, Хрватска и Унгарија.

Дали Keiretsu Forum SEE се фокусира на одредени аспекти, земајќи ги во предвид јаките страни на регионот, во и надвор од технолошкиот сектор?

Ардијан: Бидејќи сме во раните фази, ги отвораме вратите на стартапи од која било индустрија. Како што расте нашето влијание, ќе го насочуваме нашиот фокус кон стартапи и претприемачи како и инвестиции во области каде што нашиот регион има повеќе таленти и потенцијал за раст.

Дали KFSEE може да се пофали со одредени инвестиции? Доколку да, со кои?

Ардијан: Да, ја направивме нашата прва инвестиција во FinTech компанија од Северна Македонија наречена FinqUp. Ова не само што е наша прва инвестиција, туку и го прикажува KFSEE во вистинското светло. Имаме 2 инвестиции од бизнис ангели од Северна Македонија, 1 од Албанија и 1 од Косово, како и 1 VC финансирање од Бугарија. Возбудени сме од растот и со нетрпение очекуваме да произлезе успешна приказна од сево ова. Дополнително, со нетрпение очекуваме да направиме други инвестиции на нашата претстојна средба на форумот Keiretsu каде што ќе имаме повеќе стартапи од регионот.

Само три месеци по започнувањето, во јуни 2023 година, KFSEE потпиша договор со BKT банката за финансирање на старт-ап компании до 1 милион евра, со што капиталот на KFSEE се зголеми на 2 милиони евра. Која е приказната зад оваа зделка, дали оваа партнерство директно ќе им користи на почетниците во ЈИЕ регион или е ограничено само за пазарите каде што оперира БКТ?

Ардијан: Ова е големо достигнување кое се првенствено должи на нашата среќа што имаме лидери на компании кои го делат истиот начин на размислување за раст и ја гледаат светлата иднина на ист начин како што ја гледаме и ние. Првично, овој фонд ќе инвестира на пазари каде што работи БКТ, што главно се должи на постоечката правна инфраструктура, но стартапите можат да регистрираат свои субјекти на овие пазари и, на тој начин, ќе можат да ги добијат средствата. Во одреден момент во иднина, веруваме дека ќе можеме да влијаеме врз централните банки да направат измени на законите и да ги отстранат овие пречки, барем за инвестициите во регионот. Целиот наш екосистем во регионот е во рана фаза и навистина зависи од сите нас колку брзо ќе влијаеме на неговиот раст и развој.

Бевте еден од партнерите и соработниците на MatchIN Summit во Охрид, какво беше вашето искуство на овој настан. Според вас, која е најголемата придобивка од присуството на годишниот состанок на инвеститори и стартапи од ЈИЕ?

Ардијан: Навистина, тоа што бевме  дел од овој неверојатен настан нè направи исклучително среќни. Гледаме дека посетеноста и квалитетот на настанот се зголемува со секоја помината година. Најголемата придобивка беше да запознаеме кој-е-кој во регионот и, исто така, да им покажеме на луѓето што претставува KFSEE и која е нашата визија. Сретнавме многу VC од Југоисточна и Централна Европа, како и многу претприемачи и стартапи од регионот, и секој ден сè повеќе се восхитувам на потенцијалот и талентот што ги гледам во нашиот дел од светот.

Бевте еден од партнерите и соработниците на MatchIN Summit во Охрид, какво беше вашето искуство на овој настан. Според вас, која е најголемата придобивка од присуството на годишниот состанок на инвеститори и стартапи од ЈИЕ?

Ардијан: Навистина, тоа што бевме  дел од овој неверојатен настан нè направи исклучително среќни. Гледаме дека посетеноста и квалитетот на настанот се зголемува со секоја помината година. Најголемата придобивка беше да запознаеме кој-е-кој во регионот и, исто така, да им покажеме на луѓето што претставува KFSEE и која е нашата визија. Сретнавме многу VC од Југоисточна и Централна Европа, како и многу претприемачи и стартапи од регионот, и секој ден сè повеќе се восхитувам на потенцијалот и талентот што ги гледам во нашиот дел од светот.

Врз основа на вашето лично мислење, какви уникатни можности нуди ЈИЕ регион за бизнис ангелите? Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат стартапите од ЈИЕ во моментов?

Ардијан: Секоја земја во Југоисточна Европа е мала и многу е тешко, ако не и невозможно, да се има голем број инвеститори и завиден проток на стартап договори во секоја земја поединечно. KFSEE е регионален клуб бидејќи можеме да имаме многу поголем број на инвеститори, како и проток на договори за стартување. На овој начин се повеќе и повеќе инвеститори ќе сакаат да се приклучат бидејќи можеме да им обезбедиме доволно можности за инвестирање, како и вмрежување со истомисленици. Од друга страна ќе привлечеме повеќе стартапи да се пријават за финансирање бидејќи, во случај да им треба поддршка и менторство за проширување, имаме бројни инвеститори и земји. Покрај тоа, соодветни сме и за партнерства со VC, бидејќи на нив им треба поголем број на растечки компании кои добиле инвестиции во претходните фази од бизнис ангели.

Како се KFSEE справува со културните и економските предизвици на различните земји, бариери во јазици и политики во Југоисточна Европа, особено при проценување на можностите за инвестирање?

Ардијан: Еден од најневеројатните аспекти на оваа индустрија е тоа што привлекува луѓе кои, во поглед на начинот на размислување, се глобални граѓани кои гледаат надвор од локалните граници и локалната пристрасна политика, особено кога нешто не води кон продуктивно утре. Англискиот јазик дополнително ја олеснува комуникацијата; помладите генерации не мора да ги зборуваат регионалните јазици. Луѓето неверојатно добро се согласуваат и воопшто не се пристрасни.

Друг аспект е дека сите во екосистемот се програмирани да гледаат и да размислуваат за можностите, а не за пречките. Со тоа се олеснува надминувањето на сите бариери што би можеле да се појават помеѓу луѓето или во заедниците.

Покрај финансиските инвестиции, каква поддршка и менторство нуди KFSEE на стартапите што ги поддржува?

Ардијан: Во нашата постојано растечка мрежа од бизнис ангели, ние располагаме со бројни способности кои можеме да ги искористиме за да ги поддржиме нашите стартапи, почнувајќи од помагање на стартапи да ги структурираат своите компании, преку управување со луѓе и процеси, па сè до отворање врати за нив и поврзување со луѓе, компании и други пазари. Профитот е првиот важен дел, но и другите вредности кои ги нудиме се исто толку важни за растот на компаниите.

Каква е визијата за KFSEE во следните пет години?

Ардијан: Нашата визија е да станеме главната појдовна точка во Југоисточна Европа – порта на која стартапите ќе чукаат за инвестиција. За инвеститорите, нашата визија е да бидеме најдобра опција за пружање најсоодветни можности за инвестирање, да ги споделиме инвестициските ризици и да инвестираме заедно со најуспешните инвеститори во регионот, како и да учиме секој ден и да сведочиме за најновите иновации од најпаметните умови во нашиот регион, но и светот. Во следните пет години, наша цел е да имаме околу 300 бизнис ангели како членови, како и 50 корпоративни членови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk