0 коментари 2 мин. читање

5 сајтови за 5 различни работи

Во денешно време, нема за што не постои веб сајт. Придружувајќи се до принципот: кратко, но слатко, одбравме 5 корисни сајтови кои ќе ви помогнат во извршување на 5 различни работи. Почнуваме со сајт за автоматизирање постови, се движиме преку сајтови за најразлични курсеви, а завршуваме со сајтови кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни или пак подобро да пишувате.

1. Автоматизација

Buffer.com ви дозволува да постирате и да закажувате кога да се поставуваат дополнителни објави на бројни социјални мрежи, се со цел да се истакнат содржините, да се зголеми интерактивноста помеѓу следбениците и да се автоматизира целиот процес на сервирање и пласирање објави низ арсенал од социјални мрежи!

2. Образование

Class-central.com – Бројни онлајн курсеви од најразлични сфери кои се пласираат од над 1200 универзитети, 80 провајдери и над 1000 институции. Бројни курсеви нудат бесплатни сертификати.

3. Цртање

Autodraw.com – Преку овој веб сајт можете да нацртате нешто со слободна рака и таквиот цртеж автоматски да се трансформира во значително поимпресивна алтернатива.

4. Продуктивност

Noisli.com e веб сајт кој ќе ви помогне да се попродуктивни така што ќе ви пушта релаксирачки звуци кои се замислени да ви го подобрат фокусот и да ја зголемат вашата работоспособност.

5. Пишување

Typingweb.com ви дозволува да станете експерти и значително побрзи во пишување преку корисни и инвентивни образовни сесии кои ви кажуваат како да ги поставувате рацете и на што да внимавате при вежбањето.

Кратко и, се надеваме, јасно; без многу филозофирање поминавме низ 5 одлични вебсајтови. Во случај да ви се допадна тоа што го одбравте и да сакате уште, останете со нас и во иднина! :)

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top