Ќе можат ли малите друштвените игри да станат попопуларни од големите наслови?

До пред неколку години ретко кој можеше да поверува дека, Flash игрите или игрите кои се играат во прелистувач ќе достигнат ниво на квалитет кое го имаат денес. Најголемиот дел од нив тогаш беа краткотрајна забава или разонода. Дел од популарноста сега се должи на тоа што овие игри се лесно достапни и условно бесплатни. Но, денес за најголем број на овие игри квалитетот е значително подобрен, дел од ова се разбира е поради друштвените мрежи, техничкиот развој и широкопојасниот интернет. Голем дел од напредокот е и тоа што поголемите компании кои прават главно ААА игри (високо квалитетни игри со голем буџет), видоа дека има пари и во вакви „помали“ проекти и следејќи го примерот на Zynga, кој е условно речено пионир во развојот на овие игри, влегоа во производство на вакви игри.

Покрај достапноста, овој тип на игри и покрај тоа што не го пружаат искуството на скапите наслови дозволуваат да играте и по 15-20 минути кога немате време и не е неопходно сериозно вложување во хардвер за да можете да ги играте. Најчесто овие игри можат подеднакво добро да ги играат сите, иако никогаш порано не играле. Всушност некои истражувања покажуваат дека скоро една третина од луѓето кои играат социјални игри на Facebook за првпат играат. Oва само ја објаснува достапноста на игрите.

Добар пример за квалитетна друштвена игра е CivWorld што е Facebook верзија на легендарниот серијал Civilisation на Сид Маер, започнувате се едно село во предбронзено време и ја водите вашата цивилизација до нано ера и лидери во светот.

И покрај тоа што друштвени игри не се сериозна конкуренција на скапите наслови, тоа не значи дека не треба да напредуваат. Некои од насоките во кои може да се движи напредокот се вметнување на каква таква приказна во игрите, секако подобрување на графиката. Можеби најважно е да пронајдат начин да ги избегнат повторувањата. Со оглед на тоа што друштвените игри сè уште се најмладиот член на семејството и простор за истражување и нови правци во кои може да се рашират.

Една од игрите која беше представена на Е3 годинава, а стана инстант хит на Facebook, Sims Social, покажува како ЕА го искористи популарниот бренд и релативно поквалитетен производ од Farmville за прекуноќ да им „украде“ 10-25 oтсто од корисниците на Zynga.

Да не беше игра која се игра во прелистувач, сигурно Drakensang Online ќе беше нарекуван Diablo клон, изборот на карактери е ограничен помеѓу воин и волшебник амо тоа е повеќе проблем на безидејност која во последно време се јавува се повеќе. Графиката сигурно е нешто на кое не се надевав кај ваква игра мисиите се со повеќе етапи и добро осмислени, а гејмплејот е интуитивен и добро познат на сите играчи на Diablo или било која „hack&slash“ авантура. Поради овие квалитети Drakensang сигурно е најдобрата „browser“ игра што сум ја видел досега.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk