Facebook со воведувањето на новата метрика, People talking about, која се наоѓа веднаш по „лајковите“, им овозможи на корисниците, како и на администраторите, да видат колкава интеракција имаат страниците. Интересно е тоа што голем е провентот на оние Facebook страни кои што имаат голем број на „лајкови“, да немаат голема интеракција. Страни со десетици милиони „лајкови“ имаат помала интеракција од страни со далеку помал број на „лајкови“.
Според веб сајтот AllFacebook, моментално најголема интеракција има страната Jesus Daily со 3.197.906 интеракции, и ова не треба да биде изненадување бидејќи во првите 10 страни по број на интеракции дури 5 се религиозни. На второ место по број на интеракции е фан страната на Џастин Бибер со 1.544.691, што е дупло помалку од водечката страна Jesus Daily. На трето место по број на интеракции е страната на мотивациониот говорник Марио Тегу со 1.321.215 интеракции. На трето и четврто место се религиозните страни The Bible и Dios Es Bueno!.
Каква е интеракцијата во Македонија?
Блогот This is Not a Social Media Blog, користејќи ја статистиката на Socialnumbers, објави мала анализа во која може да се види дека и кај најпопуларните македонски страни на Facebook, интеракцијата и не е толку голема како и бројот на „лајкови“. Од тука може да се заклучи дека опцијата People talking about ќе придонесе администраторите на страни повеќе да се заангажираат да направат што повеќе да се збори за брендот кој го застапуваат.
„Дали ова се должи на рапидните зголемувања на фанови повлечени од разни наградни игри и апликации, или едноставно лошо управување со содржините останува да видиме во иднина, сега кога веќе ја имаме оваа мерка за интеракции и комуникација на страниците. Се надевам дека people talking about ќе придонесе да се обрне малку повеќе внимание на содржините кои се објавуваат и да се зголеми квалитетот на водење на Facebook страниците и кај нас.“, пишува Ива Дујак на својот блог.