Спонзориран текст

Како софтверски инженер од Македонија ја започна својата кариера во Развојниот центар на Microsoft во Белград

Запознајте го Марјан Славковски кој од секогаш беше љубител на техничките науки, и со тоа се пронајде во ИТ индустријата. Во септември 2021 година се пресели во Белград и го започна својот пат во Microsoft. Промената не беше лесна, но како сѐ тоа изгледало, на што денес работи, како изгледа неговиот тим, каква работна култура владее во компанијата, колку му се допаѓа градот во кој живее, Марјан ни раскажа во разговорот за IT.mk.

Како изгледаше самиот процес на промена на живеалиштето, како се навикнавте на новите услови и генерално на животот тука?

Целиот процес на релокација од добивање и прифаќање на понудата па сѐ до првиот работен ден беше едно многу интересно искуство полно со неизвесности, страв од промени, а од друга страна и многу возбудувања. Релоацијата е голем чекор, посебно кога се работи за цело семејство, затоа што не го менуваш само својот, туку и животот на другите.

Меѓутоа, MDCS (Microsoft Development Center in Serbia) има цел тим прекрасни луѓе кои се грижат целиот тој процес да помине лесно и безболно, пружејќи целосна поддршка, посебно во ситуациите кога треба да се поминат инстицуционалните лавиринти од двете држави.

Покрај организацијата на престојот тука беа уште и изборот на училиште и градинка.

Блискоста на културата и народот е огромна предност и тоа ни помогна релативно брзо да се навикнеме на новата средина, покрај тоа опкружен сум со прекрасни колеги кои се секогаш тука да помогнат.

Како изгледа рабониот ден на еден искусен софтверски инжењер во Microsoft развојниот центар во Србија (MDCS)?

Microsoft се истакнува како компанија која се грижи за благосостојата и растот на своите вработени како во приватниот така и во професионалниот живот. 

Почетокот на мојот работен ден во текот на неделата вообичаено го диктираат обврските околу децата. Ги носам во училите и градинка па потоа започнува мојот ден. Големо влијание има и хибридниот начин на работа, а тоа значи дека своите работни задачи можам да ги завршам или во канцеларија или од дома, во зависност од останатите обврски кои ги имам.

Вообичаено денот го почнувам така што правам пресек на претходниот работен ден и правам план за тековниот ден додека уживам во утринското кафе со непроценливиот поглед на устието на реките Сава и Дунав, Стари Град и Калемегдан.

Работта на тековните задачи бара истражување и тесна соработка со колегите од Редмонд – САД, како и од останатите делови од светот. Работата за компанија како што е Microsoft овозможува искуство со луѓе од целата планета.

Кои се иновациите на кои работи вашиот тим?

Јас сум во NLX (Natural Language Experience) тимот кој е во состав на Office Canvas. Мојот тим работи на истражување и развој на вештачка интелигенција за предвидување текст (Text Prediction) во состав на програмскиот пакет Office (Word, Outlook, Teams и други) за сите поддржани платформи и оперативни системи.

Марјан Славковски

Во Белград сте веќе од Септември 2021 година. Кој е вашиот најголем впечаток за градот?

Пред да ме контактираат луѓето од MDCS не знаев дека постои толку голем развоен центар на Microsoft овде на Балканот, во Белград.

Белград има посебна убавина и енергија, драматично брзо се развива и претставува вистинска метропола сред „брдовитиот Балкан“. Има многу богат културен живот, многу настани преку целата година, многу места за забава, посебно за деца, многу зелени површини и паркови. И не само Белград, Србија е прекрасна земја која само што почнавме да ја истражуваме.

Знаеме дека MDCS се шири и интернационално вработува. Која е вашата порака и совет за колегите и колешките кои сакаат да се пријават?

MDCS е интернационален колектив во кој преовладува културата на југоисточна Европа и тоа допринесува за една исклучителна енергија, топлина и пријателски настроени луѓе, секогаш насмеани и ведри. Кај нас не постои студенилото на западното општество.

MDCS расте молскавично поради самиот квалитет на луѓето кои работаат тука и овозможуваат развој на Microsoft технологии кои поголемиот дел се развиваат тука, во Белград. MDCS ви овозможува да работите на најновите технологии кои ги користат милиони луѓе од целата планета.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Microsoft Serbia Development Center. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]