0 коментари 4 мин. читање

Како GSIX #РаботиОдДома

Несомнено е дека COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи.

Очекувано најголем дел од читателите беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании. Па затоа, во серијал насловен “Како [локална компанија] #РаботиОдДома” од повеќе текстови ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.

Ова е праксата на компанијата GSIX. Компанијата има куп софтверски производи, со последниот производ „Pedaless“ влегоа и во светот на хардверот. За работата од далечина во случај на пандемија зборувавме со Симона Стаматовска.


Како се справувате се овие отежнати услови за работа?

Меѓу останатите поволности, работата во GSIX подразбира флексибилно работно време и фукнционирање во remote-friendly тим, затоа ваквите услови за работа не би ги нарекле отежнати бидејќи веќе ја имаме стекнато навиката за флексибилен начин на работа од дома или било кое друго место освен нашите канцеларии. Сепак, ситуацијата придонесе тоа да го направиме сите истовремено и од почетокот на март нашиот тим е 100% remote-first.

Покрај стандардната работа за нашето портфолио од клиенти, значително време инвестираме и во градење на наши продукти. Станува збор за иновативни решенија кои ќе бидат корисни за повеќе индустрии и ќе овозможат полесно справување со нивните предизвици овој период, а ќе бидат од голема корист и на долги стази во иднина. Мотивацијата и желбата за помош на сите засегнати страни во оваа пандемија е најголемиот акцелератор за да ги лансираме овие продукти и дадеме наш придонес во овие моменти.

Во секоја криза има и можности и работата од дома е новото секојдневие во многу индустрии. Додека IT сферата веќе подолго време го практиктува овој начин на работа, другите индустрии ја воочија можноста за remote работа на многу свои сектори. Процесот на дигитализација на некој или сите процеси е амортизер за светската криза, а тоа ја зголеми побарувачката за IT таленти кои ќе го овозможат тоа и тоа на remote начин. GSIX.team e платформата на која ги поврзуваме клиентите со програмерите од нашата мрежа со цел да се редуцира времето на регрутирање на одлични програмери кои ќе работатат remotely со клиентот.

Какво е влијанието врз работата и клиентите?

Не се почувствува поголема промена во однос на тековната работа со клиентите бидејќи дигитализацијата е мисијата во која сме вклучени како нивни IT партнери со претприемнички mindset. Нашите клиенти доаѓаат од различни индустрии и истите се лоцирани на различни страни во светот, така што виртуелниот начин на работа и состаноците не се промени поради пандемијата. Сепак, некои делови и фази од проектот добија приоритет за реализирање како настапуваше кризата во земјите каде што клиентите функционираат за да се прилагодат на новата ситуација и да се минимализира ударот од истата.

Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома?

Алатките кои ни служат за да ја олесниме работата од дома се истите кои ги користевме и претходно на дневно ниво. Забележавме пораст во бројот на испратени пораки и документи на Slack и затоа токму тоа е дефинитивно е нашата најкористена алатка за комуникација  овој период.

Покрај стандардната комуникација на Slack, ги користиме сите продукти на G Suite (calendars, meetings…), TMetric, Zoom, JIRA, Trello, GitHub, BitBucket и многу други кои ја олеснуваат работата на програмерите во тим.

Кои се предизвиците при работа од дома?

До овој момент, најголемиот предизвик со кој се соочуваме е недостатокот од директна комуникација и дружба во нашите канцеларии надвор од работните обврски. Поради тоа, секоја среда правиме GSIX Gathering – дружба на Zoom каде што го надоместуваме недостатокот од физичка дружба на целиот тим на едно место, вклучувајќи ги и виртуелните роденденските прослави на колегите родени овој период

Имавте ли некој специфичен предизвик кој можеби не можевте да го предвидите?

До овој момент не сме се соочиле со одреден предизвик или проблем кој не бил претходно предвиден од наша страна. Доброто планирање на работите и разработка на повеќе можни сценарија како би се справиле со потенцијалната закана ни овозможи брзи решенија и уште побрза адаптација со ситуацијата уште во нејзините најрани почетоци. Одржувањето на сопственото здравје и здравјето на блиските околу нас е секогаш највисок приоритет на GSIX.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top