ActionQuiz е веб сајт преку кој можете да ја тестирате вашата моќ за паметење тривијални работи. Сајтот се одликува со едноставен, ретро инспириран дизајн, но крие навидум непресушни подкатегории.

Па така, изберете ја категоријата со филмови, и ќе видите бројни подкатегории за награди, режисери, цитати, и слично. Секоја од овие подкатегории крие дополнителни избори, сè со цел точно да се најде категоријата во која сте најсилни. Секој квиз го започнувате против три други AI напојувани играчи од различни земји, а на секое прашање бирате еден од четири можни одговори. Победникот е оној кој ќе успее да освои највеќе поени.

Играчите против кои играте даваат одговори кои се засновани на одговорите кои претходно биле давани од вистински играчи од тие земји.







