Предизвиците со растот на населението и недостатокот на храна може да се решат со технолошка поддршка за земјоделците

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Статии

Ова е гостински пост на Робин Салуокс , ко-основач и извршен директор на eAgronom, климатско-технолошка компанија од Естонија која се фокусира на земјоделството и на помагањето на земјоделците да усвојат одржливи практики.

Независно од тоа што сметате дека е точно во поглед на зголемувањето на населението, едно е навидум сигурно: популацијата на Земјата ќе се зголеми пред да се намали, дури и ако растот на населението моментно е во опаѓање. Како втора сигурна работа која се истакнува е дека: сите тие луѓе треба да се хранат.

Хранење повеќе луѓе значи зголемување на производството на храна, а зголемувањето на производството на храна автоматски алудира на повеќе земја, вода, стакленички гасови и отпад. Од суштинско значење е ова зголемување да се случи на одржлив начин, начин кој нема да го поткопа напредок што земјоделството веќе го има постигнато. Со други зборови, начинот на кој го зголемуваме производството на храна не е од клучна важност само за опстанокот на милијарди луѓе, туку и за опстанокот на нашата планета.

Freepik

Обединетите нации предвидуваат дека бројката на глобалното население би можела да достигне 9 милијарди до 2037 година, а врвот од 10,4 милијарди луѓе да се достигне во средината на 2080-тите. Дури и стапките да бидат пониски од предвиденото до крајот на векот, Истражувачкиот центар Пју, сепак тврди дека нема можност за хранење на оваа растечка популација ниту на краток ниту на долг рок. Производството на храна ќе треба соодветно да се зголеми.

Постигнат е значителен напредок во последниве години во областа на зеленото земјоделство и земјоделските методи, особено на технолошката страна. Но, дури и тој напредок не се прилагоди на значајните проблеми со кои се соочуваме во рамките на производството и снабдувањето со храна во моментов. Нашата планета се одликува со приближно 50 милиони квадратни километри обработливо земјиште, од кои милијарди хектари се уништени или напуштени само во последните 50 години, од причини како што се деградација на почвата, опустинување, загадување и ерозија. Низ целата планета гледаме сѐ подолги и посериозни суши: да не ни почнуваме да зборуваме за зголемената контаминација на изворите на вода. Деградацијата на почвата, исчезнувањето на родните растенија и неуспехот да се зачуваат семињата се само дел од бројните прашања на кои итно мора да се најде одговор. 

Freepik

Прашањето за зголемување на производството е тесно поврзано со користењето на земјиштето. За да одгледуваме повеќе храна и за да нахраниме повеќе луѓе, ни треба повеќе обработливо земјиште. Расчистување на повеќе шуми за да се создаде обработливо земјиште не е ниту одржливо ниту интелигентно решение. Тоа ефикасно ќе ги поткопа децениските напорите за обновување на почвата и за пошумување.

Треба да се спомене дека голем дел од овие напори се предводени од земјоделците. Земјоделците се тие што работат не само на производството на храна, туку и на самата одржливост на целиот систем; тие се клучни во спроведувањето и одржувањето и на зелени методи и на алатки како правилна апсорбирање на јаглеродот, економично наводнување, реставрација на почвата, агрошумарство и дозволи за испуштање соодветни количини јаглерод. Но, ниту можеме целосно да се потпреме само на земјоделците, ниту на некоја група во прехранбената индустрија. Зелените промени поврзани со самите потрошувачи не се доволни, а иста е ситуацијата и со бирократскиот пристап кон целава ситуација.

Freepik

Зголемување на производството на храна треба да биде групен напор, на ист начин како напорот за константен раст на населението. Не можеме да дозволиме напорите предводени од земјоделците да бидат задушени преку зголемено расчистување на земјиштето, отпад или пак преку емисии кои произлегуваат од зголеменото производство на храна. Мерките што мора да се преземат за да се нахрани нашето растечко население се токму мерките што можат ефективно да го анулираат одржливиот напредок што земјоделците и фармите веќе го постигнаа.   

Овие проблеми се протегаат многу подалеку од почвата, земјата и фармата. Отпадот е огромен проблем; повеќе храна значи повеќе отпад на ниво на потрошувачи, особено пластика и отпад од пакување. Емисиите создадени од супермаркетите и отпадот од неизедена храна веќе заземаат речиси десет проценти од глобалните емисии поврзани со стакленички гасови. Метанот што оваа потрошена храна го создава во депонија, во комбинација со вишокот на азот што се испушта од земјоделските површини, е исклучително штетна комбинација за нашата планета. 

Freepik

Како додаден проблем се и сите аспектите поврзани со производството на храна надвор од традиционалното земјоделство, како млечни производи и сточарство. Земјоделството со животни влијае на дополнително уништување на шумите, на бројните живеалишта, како и на општо загадување на околината. Освен тоа, добитокот треба да се храни, а поголема побарувачка за месо значи поголема побарувачка за пасишта. Тука е и дистрибуцијата на сета оваа храна. Без разлика дали е животинска или растителна, синџирот на снабдување значително се оптоварува и се трошат клучни ресурси. 19 проценти од храната што се консумира ширум светот доаѓа како резултат на меѓународна трговија, а 20 проценти од емисиите на јаглерод се поврзани со дистрибуција на храната.

Доколку се ова прошири пропорционално и со поглед кон иднината тогаш не може да се негира дека ние сме обврзани целосно да го потиснеме зелениот напредок. За да се спречи сево ова потребно е вложување на повеќеслоен и меѓународен напор. Едноставно кажано, не е доволно да го нахраниме населението, туку и да ја одржуваме планетата жива и да допринесеме истата да е способна да не нахрани.

Freepik

Решението може да се најде преку национални иницијативи и преку глобална соработка поврзана со користењето на земјиштето. Ова не се однесува само на обработливото земјиште, туку вклучува мерки за заштита на шумите, животната средина и мочуриштата кои делуваат како природни апсорбери на јаглерод. Паралелно со ова, на земјоделците им е потребна соработка со научници, финансирана од приватни и владини сектори. На овој начин ќе се допринесе кон квалитетно подобрување и понатамошно развивање на здравјето на почвата, тактиките за наводнување и употребата на домашните култури. Од суштинско значење е да се даде приоритет на недискриминирачко и целосно обновувањето на земјиштето низ континентите. 

Покрај научна и теренската работа, треба да го реновираме системот за издавање дозволи за јаглеродот. Дозволите треба да се поврзани со мерките за заштита на мочуриштата и шумите и да се реши предизвикот поврзан со високоризичните земјишта и шумски области. Новиот пристап за неутрализирање на јаглеродот ќе дозволи производителите на храна да чувствуваат надворешен притисок кој ќе ги охрабрува да го намалат нивниот јаглероден отпечаток и, како резултат, тие ќе се свртат кон пониски јаглердни емисии. Ваквиот систем има потенцијал да ја промени целата индустрија. 

Freepik

Земјоделците треба да бидат вклучени во секој чекор од овој процес – целата бирократска и меѓународна соработка во светот не значи ништо без нив. Дискусиите кои вклучуваат научници, економисти и производители на земјоделски машини, на пример, не треба да се случат и без земјоделците. Земјоделците се тие кои го постигнаа зелениот напредок досега, а нивниот напредок се заканува да биде целосно поткопан од потребите за зголемување на производството на храната. Со други зборови, ова го правиме со земјоделците и го правиме заедно. Во спротивно, сите ние безизлезно тонеме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments