2 коментари 1 мин. читање

Роденденски потсетник на Google.com

Секој заслужува мала љубов на својот роденден, е пораката која ја објави Ирена Ченг на својот Google+ профил најавувајќи дека и Google ќе го следи трендот на потсетници и ќе ве потсетува кога на некој од вашите пријатели му е роденден.

Google започна со имплементација на оваа функција и во моментот е достапна само на Google.com, додека би требало да биде и за другите проекти на Google. Така, од денес на сите контакти и пријатели што ги имате во вашите кругови, ќе добиете известување дека им е роденден.

Исто така, доколку сакате да го „исклучите“ известувањето, на https://plus.google.com/up/birthday можете да ги промените поставувањата и само одредени луѓе да ја имаат информацијата дека ви е роденден.

Во текот на наредните денови, сите корисници ќе ја добијат оваа функција.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top