Ќе се казнува неовластеното oнлајн тргување со хартии од вредност

2 коментари 1 мин. читање

Физичките лица кои неовластено тргуваат или вложуваат преку Интернет во хартии од вредност на странски пазари би можеле да се соочат со високи казни, предупредуваат Министерството за финансии и Народна банка на Република Македонија.

Институциите велат дека Законот за девизно работење им забранува на физичките лица да вложуваат во акции, обврзници и други инструменти на странски пазари преку интернет сервиси. Според властите, рекламите кои ветуваат голема заработка од тргувањето преку Интернет се контра-продуктивните бидејќи се со голем ризик и може да ги чинат граѓаните до 3.000 евра казна.

„Тргувањето преку интернет-платформите со себе носи голем број ризици и може да доведе до високи загуби за вложувачите. За да се спречи ваквото тргување, надлежните органи почнаа да преземаат мерки за откривање и казнување на физичките лица коишто неовластено тргуваат и вложуваат преку овие интернет-платформи“, вели Министерството за финансии.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед