0 коментари 2 мин. читање 18 август, 2014

AirEnergy e генератор на ветерна енергија кој може да се направи со 3Д принтер

Ветрогенератор испечатен на 3Д принтер би можел да биде извор за енергија во непристапните делови или во државите во развој. AirЕnergy 3D е дело на полскиот страртап Omni3D и веќе ја започнаа својата KickStarter кампања.

Иако идејата за проектот е држави во развој и недостапни локации, Omni3D бесплатно ќе ги издаде плановите за ветрогенераторот па сите ќе можат да креираат сопствен генератор. Проблем е што изворот може да произведе до 300W, што е многу далеку од доволно за потрошувачка на просечно семејство, но сепак доволно за дел од компјутерската опрема како лаптоп или телефон.

AirEnergy 3D доаѓа и готова варијанта која чини околу 350 долари. Креаторите на ветрогенераторот велат дека може да се постави на покрив, балкон, па дури и да го земете на кампување. За успешно финиширање на Kickstarter кампањата потребно е собирање на 19.000 британски фунти, од кои веќе се собрано 8,700. За секои 2.500 фунти, Omni 3D ќе подари по еден ветрогенератор на град во кој се потребни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top