Илјадници Kilobots се движат како еден огромен рој од роботи

во Хардвер

Научниците од Универзитетот Харвард креираа рој од Kilobots каде „значењето на индивидуалниот робот е блиску до нула, ова е голем дел од значењето на ројот“. Роботите можат да погрешат, можат и да се расипат, но ги има толку многу што тоа не е важно, бидејќи преовладува нивното колективно однесување. Мини роботите се дел на Мајкл Рубенштајн, Алехандро Корнејо и професорот Радика Нагпал.

Бројот на вака креираните роботи е толку голем, што само полнењето на нивните батерии би претставувало проблем. Но, научниците само ги поставуваат помеѓу метални плочи и пуштаат струја низ нив. Програмирањето на секои од овие роботи посебно исто така би претставувало проблем, па затоа тие се програмираат истовремено преку инфрацрвениот применик. Мини роботите можат и да испратат сигнал до околните роботи дека се расипани за исправните роботи да можат да продолжат да работат. Kilobots чинат околу 14 долари и можат да се движат наоколу со вибрации, а преку инфрацрвен предавател и приемник можат да комуницираат со останатите роботи кои им се во близина. Растојанието од останатите роботи го „мерат“ преку промената во инфрацрвената светлина, а со ова и се ориентираат во просторот, при креирањето на најразличните форми.

„Во природата групи од илјадници, милиони или милијарди индивидуални елементи можат самостојно да се спојат, едноставно преку локална интеракција… Ова инспирира нови истражувања во напредни колективни алгортми за можност за откривање на роботите кои се оштетени, но и поправки од надворешна штета, како и нов дизајн на роботи кои може да се прикачат еден на друг креирајќи цврсти и стабилни врски – слично како што прават мравките“, велат истражувачите.

[youtube]G1t4M2XnIhI[/youtube]

[youtube]ISMwLCFwgK4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments